Мозолчиња, неуредна коса – Ким Кардашијан „уловена“ без шминка на одмор со ќерката Норт (фото)
- Детали
- понеделник, 10 јули 2023
На новите папарацо фотки, Ким Кардашијан изгледа одлично без шминка, но покажа дека како секоја жена и таа мака мачи со по некое мозолче на лицето и со подочници. По папарацо фотките, Ким ја покажа својата гламурозна страна со раскошниот фустан што го носеше на ревија на Dolce & Gabbana.
Каде и да се појави, Ким Кардашијан секогаш носи шминка. Дури и на Инстаграм фотките на кои тврди дека го покажува вистинското лице, ријалити ѕвезда во најмала рака користи филтри.
Па, вистинско освежување е кога ќе видиме како изгледа во реалноста.
42-годишната Ким беше забележана во Ајдахо каде што беше на одмор со ќерка ѝ Норт Вест.
Таа носеше црни хеланки, маичка и бејзбол капче, а на папарацо фотките се гледа дека нема ни грам шминка.
Ким изгледа одлично, но на дел од фотките се гледа дека и таа, како секоја жена, мака мачи со по некое мозолче на лицето.
На истиот одмор, Ким и Норт беа фотографирани во мал брод.
Подоцна, Ким и самата сподели фотка на која не носи (многу) шминка. На Инстаграм објавата, косата ѝ е собрана во неуредна пунџа.
„Ја направив оваа фотографија минатата недела, кога бев сама и сега разгледував во телефонот и испаничив кога забележав жена на прозорецот“, стои во морничавиот опис.
На фотката навистина се гледа рефлексија од жена, а во коментари фановите дебатираат за што станува збор.
„Сигурно е нејзиниот личен асистент. Ким само сакала да ја сподели оваа фотка без да изгледа како да сака да ја сподели, бидејќи мисли дека изгледа добро со минимална шминка“.
„Смири се, сигурно е некоја од дадилките или куќните помошнички“.
„Зарем не е твојата рефлексија? Во профил со чантата и се гледа и раката со којашто го држиш телефонот“.
Речиси веднаш потоа, Ким сподели неколку фотки во гламурозно издание, препознатливо за неа.
Фотографиите се направени на ревија на Dolce & Gabbana во Италија, а за настанот ријалити ѕвездата избрала долг виолетов фустан во комбинација со раскошен накит.
Друштво ѝ правеше мајка ѝ Крис која избрала долг црн фустан со наметка со принт.
Спирова С. | Црнобело