Повторно гола: Рита Ора ги покажа градите на ревија во Париз и ги разочара фановите (18+)
- Детали
- четврток, 06 јули 2023
„Не ја разбирам потребата да парадираш во вакво издание, зошто мора да го го покажуваш твоето тело?“, „Прекрасна си, но зарем твоето тело не треба да е приватно за тебе и за твојот сопруг?“ – пишуваат разочарани фановите откако Рита Ора ги покажа градите во проѕирен фустан.
Пејачката Рита Ора го привлече вниманието на модна ревија во Париз, кога дојде облечена во фустан од црна тантела кој ѝ ги откриваше градите. Ора беше гостинка на ревијата на брендот Azzedine Alaia и седеше во прв ред заедно со уредничката на Vogue, Ана Винтур.
Иако голем дел од нејзините фанови ја пофалија за изгледот, многумина ѝ замерија што последниве месеци го менува имиџот и почнува да се разголува, па често објавува фотки и видеа на Инстаграм каде што ѝ се гледаат градите.
Според нив, новиот имиџ на Рита е претерано смел, па дури и невкусен.
„Зошто си гола? Непотребно!“, „Немаш никаква почит, ова е премногу!“, „Не ја разбирам потребата да парадираш во вакво издание, зошто мора да го го покажуваш твоето тело?“, „Прекрасна си, но зарем твоето тело не треба да е приватно за тебе и за твојот сопруг?“ – се дел од коментарите.
Рита веќе неколку месеци го привлекува вниманието на јавноста со својот изглед. Таа постојано вежба, но според многумина сега веќе е екстремно слаба.
Иако до неодамна имаше стомачни мускули, сега не се забележуваат бидејќи е преслаба.
Откако ослабе драстично, таа сè почесто објавува провокативни фотки, а на дел од нив суптилно се наѕираат градите.
Светските медиуми неодамна пишуваа и дека пејачката го смени и ликот минатата година, па дека направила операција за преобликување на брадата и вилицата, но и дека станала зависна од хијалуронски филери.
Според фановите, сето ова се случува откако почна љубовна врска со австралискиот режисер Таика Ваитити, кој е 15 години постар од неа.
Откако се заедно, Рита, која имаше облини, наводно, почнала да слабее и да го менува имиџот, а сето тоа под влијание на режисерот, со кој се венча тајно летото 2022 година.
Иако светските медиуми пишуваа дека направиле свадба, парот дури во септември 2022 потврди дека е во брак.
Брзо потоа Рита во интервју изјави дека отсекогаш барала мажа како него, и дека Таика е нејзиниот принц од бајките.
Прочитајте и Рита Ора за бракот со 15 години постариот сопруг: „Го најдов мојот принц од бајките“
А. Ј. | Црнобело