Рита Ора за бракот со 15 години постариот сопруг: „Го најдов мојот принц од бајките“
- Детали
- среда, 21 септември 2022
„Моите родители се заедно повеќе од 30 години, па отсекогаш сакав да најдам љубов и да најдам вистински партнер и многу сум среќна што ми се оствари сонот“ – пејачката Рита Ора за првпат проговори за бракот со 15 години постариот Таика Ваитити.
Рита Ора (31) и режисерот Таики Ваитити (47) тајно се венчаа ова лето, а пејачката со потекло од Косово, за првпат пороговори за бракот со режисерот, со кого претходно околу година и половина беше во врска.
Рита Ора гостуваше во поткастот Jaime Winstone's Greatest Night Ever каде отворено зборуваше за бракот со режисерот Ваитити, со кого претходно привлекуваа внимание како заради големата разлика во годините, така и заради скандалозните фотографии со бакнување во тројка на кои беше и актерката Теса Томпсон.
Пејачката, меѓу другото, рече дека главна инспирација во животот ѝ биле нејзините родители Вера и Бесник Сахатчиу.
„Јас сум вљубена. Многу сум вљубена. Вљубена сум, вљубена сум, амин!
Но, вљубена сум и во љубовта. Отсекогаш верував во љубовта и секогаш знаев дека сакав да имам среќен крај како од бајките, па пораснав со таков сон.
Моите родители се заедно повеќе од 30 години, па отсекогаш сакав да најдам љубов и да најдам вистински партнер и многу сум среќна што ми се оствари сонот. Јас го направив тој избор. Среќна сум и го сакам Таика, тој е забавен и прекрасен“ – рече Рита.
Инаку, за потсетување, Рита и Таика Ваитити се венчаа во интимна церемонија во Лондон во август, а јавноста дозна за убавите вести откако тие двајца објавија фотографии со бурми.
Парот ја почна врската во март 2021-ва година, кога за првпат беа забележани како се шетаат заедно во јавност и се држат за рака, по што следуваа скандалозните фотографии со бакнување во тројка.
Таика зад себе има уште еден брак со режисерката Челза Винстенли со која има три деца, а Рита беше позната по тоа што имаше врска со повеќе познати мажи, меѓу кои Роб Кардашијан, Бруклин Бекам и Луис Хамилтон.
Прочитајте и Мама Викторија не ѝ дозволи да се гледа со Бруклин Бекам, го изневери Роб Кардашијан - Бурниот љубовен живот на Рита Ора пред да се омажи
Б. С. Б. | Црнобело