Мама Викторија не ѝ дозволи да се гледа со Бруклин Бекам, го изневери Роб Кардашијан - Бурниот љубовен живот на Рита Ора пред да се омажи
- Детали
- вторник, 09 август 2022
Рита Ора и Роб Кардашијан беа заедно пред 10-тина години, а имаа тетоважи со сопствените имиња. Врската заврши заради неверствата на пејачката. По ова, Рита се обиде да го заведе и синот на Викторија Бекам, но мама се вмеша во односот – со кои познати личности пејачката беше во врска пред да се омажи за 15 години постариот од неа Таика Ваитити?
Пејачката Рита Ора (31) деновиве откри дека стапила во брак со нејзиниот 15 години постар дечко Таика Ваитити (46).
Откако претходно се појави фотографија на која Таика носи бурма, масовно почнаа да се шират гласини дека парот стапил во брак, а вестите сега се потврдени во британските медиуми.
The Sun пишува дека Рита Ора и Таика Ваитити стапиле во брак на интимна церемонија во Лондон, а парот сакал мала свадба со цел колку е можно повеќе да го зачува својот приватен живот подалеку од очите на јавноста.
Според гласините, Таика ја побарал раката на Рита од нејзиниот татко, кога семејството на познатата пејачка било во посета на Лондон.
Најверојатно парот ќе направи поголема церемонија во иднина, а во меѓувреме таа и Таика објавуваат фотографии на Инстаграм на кои носат бурми.
Познато е и дека пејачката го променила презимето и сега е Рита Ваитити-Ора.
За потсетување Рита и режисерот Таика Ваитити почнаа да се гледаат во текот на минатата година, кога беа уловени од папараци фотографи како се бакнуваат во тројка заедно со актерката Теса Томпсон.
Таика претходно има еден брак со Челза Винстенли со која има и две деца, а Рита зад себе има голем број љубовни врски со познати личности.