Ги облекува синовите како девојчиња, ги остава кај татко им за да се шета: Зошто Меган Фокс ја нарекуваат „лоша мајка“?

Колку време холивудската актерка Меган Фокс поминува со своите три сина и што вели нејзиниот поранешен сопруг за тоа зошто синовите не сакаат да си заминат од неговата куќа и да одат кај неа? Зошто Меган Фокс најчесто е на мета на критики како мајка?

gi-oblekuva-sinovite-kako-devojchinja-gi-ostava-kaj-tatko-im-za-da-se-sheta-site-kritiki-shto-megan-foks-gi-dobiva-kako-majka-01.jpg

Навикнати сме Меган Фокс да ја гледаме во смели модни комбинации и на појавувања со нејзиниот дечко Машин Ган Кели, а многумина и забораваат дека таа е мајка на 3 сина, кои ги доби од бракот со Брајан Остин Грин.

gi-oblekuva-sinovite-kako-devojchinja-gi-ostava-kaj-tatko-im-za-da-se-sheta-site-kritiki-shto-megan-foks-gi-dobiva-kako-majka-02.jpg

Меган и Брајан беа во брак од 2010-та до 2021-ва година, а честопати се на мета на критики затоа што трите сина ги облекуваат како девојчиња, во фустани и со пуштени долги коси.

Ноа (10), Боди (9) и Џурни (6) честопати се фотографирани во необични изданија.

gi-oblekuva-sinovite-kako-devojchinja-gi-ostava-kaj-tatko-im-za-da-se-sheta-site-kritiki-shto-megan-foks-gi-dobiva-kako-majka-03.jpg

Неодамна политичарот Роби Старбак ја критикуваше Меган дека ги тера насила нејзините синови да носат женска облека, на што Меган му одговори на Инстаграм дека „го искористува родот на нејзините деца за да привлече внимание на неговата кампања.“

gi-oblekuva-sinovite-kako-devojchinja-gi-ostava-kaj-tatko-im-za-da-se-sheta-site-kritiki-shto-megan-foks-gi-dobiva-kako-majka-08.jpg

Освен за тоа како ги облекува синовите, Меган се соочува честопати и со критики дека постојано е со нејзиниот дечко на турнеи и патувања и дека нема време за децата.

Доволно е само да се отворат профилите на Инстаграм на Меган и на Брајан и да се забележи дека кај неа нема ниту една фотка од децата, за разлика од нејзиниот поранешен сопруг кој редовно споделува фотки со новата партнерка Шарна Бургес, со која во 2022-ра година го доби синот Зејн.

gi-oblekuva-sinovite-kako-devojchinja-gi-ostava-kaj-tatko-im-za-da-se-sheta-site-kritiki-shto-megan-foks-gi-dobiva-kako-majka-06.jpg

Тука се поставува прашањето, колку време поминува Меган со синовите и дали ги гледа воопшто?

По разводот Меган и Брајан се договорија да имаат заедничко старателство над трите сина и двајцата немаа приговори.

gi-oblekuva-sinovite-kako-devojchinja-gi-ostava-kaj-tatko-im-za-da-se-sheta-site-kritiki-shto-megan-foks-gi-dobiva-kako-majka-04.jpg

Но, набрзо по разводот Меган го обвини Брајан дека сака да ја прикаже во јавноста како отсутна мајка, па затоа не објавува заеднички фотки со неа и со децата, но се чини дека сега страстите се смирија и моментално работите се во најдобар тек.

Две години по нивната разделба Брајан отворено зборуваше за тоа како изгледа заедничкото старателство со Меган, па за E!News рече:

„Супер се сложуваме. Не се расправаме за тоа кој повеќе време ќе добие со децата и се обидуваме да се менуваме за празниците, така ако се со еден родител на божиќен ручек, со другиот се вечерта на Божиќ.

Свесни сме дека и двајцата сме многу зафатени, па затоа го користиме секој слободен миг. Супер е тоа што се поддржуваме во тоа секој родител да има слободно време.“

gi-oblekuva-sinovite-kako-devojchinja-gi-ostava-kaj-tatko-im-za-da-se-sheta-site-kritiki-shto-megan-foks-gi-dobiva-kako-majka-05.jpg

Тој исто така рече дека се надева дека Меган и Машин наскоро ќе добијат свое дете, затоа што синовите секојпат се разочарани кога мора да си заминат од домот на Брајан и Шарна затоа што не сакаат да го остават малото братче Зејн.

„Сметам дека им е тешко да си заминат и да одат кај неа затоа што многу им недостасува Зејн и би било добро кога би имале слично искуство и во нејзиниот дом“ – рече Брајан.

gi-oblekuva-sinovite-kako-devojchinja-gi-ostava-kaj-tatko-im-za-da-se-sheta-site-kritiki-shto-megan-foks-gi-dobiva-kako-majka-09.jpg

Иако Брајан не ги крие пофалните зборови за својата поранешна сопруга, сепак таблоидите пишуваат дека по раѓањето на Зејн, неговите 3 сина од бракот со Меган поминуваат многу повеќе време во неговата куќа отколку кај неа.

gi-oblekuva-sinovite-kako-devojchinja-gi-ostava-kaj-tatko-im-za-da-se-sheta-site-kritiki-shto-megan-foks-gi-dobiva-kako-majka-11.jpg

Од друга страна, пак, на Меган не ѝ се допаѓа тоа што момчињата многу повеќе сакаат да поминуваат време со татко им затоа што на тој начин не можат да се зближат со нејзиниот дечко Машин Ган Кели.

Според RadarOnline можно е Меган да излезе на суд и да бара судот да ѝ даде повеќе време со децата, но дали тоа ќе се оствари останува да видиме.

gi-oblekuva-sinovite-kako-devojchinja-gi-ostava-kaj-tatko-im-za-da-se-sheta-site-kritiki-shto-megan-foks-gi-dobiva-kako-majka-07.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
„Ќе ја научиш ли ќерка ти да не биде како тебе?“ – Парис Хилтон критикувана затоа што ќе снима реалн... „Ќе покажеш ли и колку дадилки имаш?“, „Како не ти е срам да се фалиш дека си до...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Како изгледаат децата на славните кои речиси никогаш не се појавуваат во јавност? (фото) Сигурно знаете како изгледа Сури – ќерката на Том Круз и Кејти Холмс. Но, дали з...
Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал д...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg