Имале договор за неверства, но Нејмар го прекршил: Фудбалерот ја моли бремената девојка да му прости за аферата

„Не смее да оди со проститутки, ниту да ги бакнува во уста“ – наводно ова се некои од условите под кои бремената девојка на Нејмар му дозволила да ја изневерува, но фудбалерот сепак прекрши некои од правилата и јавно се извини за аферата - сега ја моли да му прости.

imale-dogovor-za-neverstvata-no-nejmar-go-prekrshil-fudbalerot-ja-moli-bremenata-devojka-da-mu-prosti-za-neverstvata-01.jpg

Бразилскиот фудбалер Нејмар да Силва Сантос Јуниор (31) деновиве е во фокусот на јавноста откако призна дека ја изневерувал бремената девојка со згодна инфлуенсерка, па преку Инстаграм објава ја молеше да му прости.

Во април годинава, Нејмар на својот Инстаграм профил објави фотографии на кои го бакнува трудничкиот стомак на својата девојка Бруна Бјанкарди и објави дека таа е бремена, а само 2 месеци подоцна призна дека ја изневерувал со згодна инфлуенсерка и прекршил едно важно правило.

View this post on Instagram

A post shared by BRUNA BIANCARDI (@brunabiancardi)

Бразилската блогерка и инфлуенсерка Фернанда Кампос (31) во локалните медиуми објави дека имала афера со фудбалерот и дека на бразилскиот „Ден на вљубените“ (12 јуни) тие биле интимни.

imale-dogovor-za-neverstvata-no-nejmar-go-prekrshil-fudbalerot-ja-moli-bremenata-devojka-da-mu-prosti-za-neverstvata-02.jpgФернанда Кампос

По ова дел од бразилските и светските медиуми пишуваа дека Нејмар и Бруна Бјанкарди имале свои утврдени правила под кои фудбалерот смее да ја изневерува девојката и дека тој морал да се придржува до 3 важни работи:

1. Треба да биде дискретен за аферите што ги има;

2. Не смее да спие со проститутки;

3. Не смее да ги бакнува на уста. 

Сепак, еден ден откако беа објавени информациите, Нејмар со емотивно писмо ја моли девојката и идната мајка на неговото второ дете да му прости за аферата.

Тој напиша:

„Го правам ова за вас двајца (тебе и нашето дете што го носиш) и за твоето семејство.

Да се обидам да го оправдам, непростливиот грев кој го направив, но ми требаш во нашите животи.

Видов колку многу те ставив во фокусот на јавноста, колку многу страдаш од сево ова и колку сакаш да бидеш покрај мене. И јас покрај тебе.

Згрешив.

Ти згрешив тебе.

Се осмелувам да кажам дека секој ден правам грешки на и надвор од теренот. Но, ги поправам моите грешки во приватниот живот дома, приватно, со семејството и пријателите...

Сево ова повреди една од најважните личности во мојот живот. Жената што сонував дека ќе биде покрај мене цел живот, мајката на моето дете и тоа влијаеше врз нејзиното семејство, што денес е и мое семејство.

Бру, веќе се извинив за моите грешки, за тоа што непотребно те направив предмет за потсмев, но се чувствувам дека треба јавно да кажам дека ако приватните проблеми излезат во јавност, тогаш и извинувањето мора да биде јавно...

Не можам да се замислам себеси без тебе.

Не знам дали ќе успееме, но заради тебе сакам да се обидам.

Нашата цел ќе биде поважна, нашата љубов за нашето бебе ќе победи, љубовта што ја чувствуваме еден кон друг ќе нѐ направи посилни. Те сакам“ – напиша Нејмар.

Инаку, Бруна Бјанкарди е инфлуенсерка и модел која има над 5 милиони следбеници на Инстаграм, а носела модели на голем број познати модни куќи.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шон Пен и новата 34 години помлада девојка критикувани од јавноста: „Одвратно, некои би направиле сè... Новата девојка на Шон Пен е помлада од неговите деца, а поради фотките на кои ст...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Ким Кардашијан го претвори домот во снежна шума, додека ќерка ѝ моли да живее со Канје (фото) Додека во јавноста се шпекулира дека Ким и Канје можеби ќе ги променат правилата...
Парис Хилтон сподели први фотки од 5-месечната ќерка Лондон: „Го ценам секој миг со неа“ „Сонував да имам ќерка која ќе се вика Лондон уште откако знам за себе“ – Парис ...
Принцот Вилијам - 191cm, Лејди Гага - 155cm: Колку се навистина високи светските ѕвезди? Топ-моделот Синди Крафорд има 175cm, исто колку и Џастин Бибер. Актерот Питер Ди...
Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg