Мустафа Сандал за годишнина од брак ја однесе 19 години помладата сопруга во Париз - на Емина Јаховиќ не ѝ плаќа алиментација
- Детали
- понеделник, 12 јуни 2023
Емина Јаховиќ години наназад води судска постапка против нејзиниот поранешен сопруг Мустафа Сандал и го обвинува дека не плаќа алиментација, но тоа не го спречува турскиот пејач да живее на висока нога и да ја носи 19 години помладата сопруга на луксузни патувања низ Европа. Овојпат парот во холивудско издание на посета во Париз...
Мустафа Сандал (53), минатата година на 3-ти јуни стапи во брак со 19 години помладата девојка Мелис Шутшуруп со свечена церемонија што се одржа во Рим, а годинава, по повод првата годишнина од бракот ја однесе на луксузно патување во градот на љубовта – Париз.
За време на нивната посета во Париз, Мустафа и Мелис присуствуваа на настан, па се појавија во гламурозни изданија. Мелис во црн фустан со отсечоци и црна наметка, а Мустафа во костум со пеперутка вратоврска.
Инаку, пред само неколку денови Мелис го прослави роденденот, а Мустафа на Инстаграм објави нивна заедничка фотографија до која напиша:
„Среќен роденден, драга жено. И целиот свет да се преврти, сакам секогаш да бидеш покрај мене.“
Додека Мустафа ужива во брачниот живот со помладата сопруга, за Емина Јаховиќ кружат гласини дека е во врска со познат турски милионер кој сака да се ожени со неа.
Таа неодамна даде интервју за српските медиуми и на прашањето за тоа во каков однос се со Мустафа, таа рече:
„Ние и понатаму сме на суд, но моите деца не се спречени да се дружат и да се гледаат со татко им. Тоа не е никаков проблем. Совршени мајка и татко не постојат. Да бевме сите идеални, немаше да бидеме луѓе, туку светци“ – вели таа.
https://www.instagram.com/p/CtCCY6usJZn/?hl=en