14 години е постар од неа, сака да се венчаат - Кој е милионерот со кого Емина Јаховиќ е наводно во врска?
- Детали
- среда, 07 јуни 2023
Тој е 14 години повозрасен од неа, има две деца од претходниот брак, а наводно „полудел“ по српската пејачка Емина Јаховиќ и сака да се ожени со неа. Кој е турскиот милионер со кого наводно српската пејачка се гледа во тајност и веќе го запознала со нејзиното семејство?
Турските и српските медиуми деновиве постојано пишуваат за новата љубов на српската пејачка Емина Јаховиќ (41). Иако таа тврди дека е сама, според пишувањата во таблоидите, пејачката веќе подолго време е во врска со турски милионер, кој постојано ја носи на луксузни патувања.
Српскиот весник informer.rs повикувајќи се на сопствени извори, пишува дека српската пејачка по разводот со турскиот пејач Мустафа Сандал, повторно планира да стапи во брак.
Наводно, Емина веќе го однела својот нов дечко Курт Даниел Сантеј во Србија и го запознала со нејзиното семејство.
„Емина и Курт се неколку месеци во врска и многу се вљубени. Среќни се што се запознаа.
Сантеј сака да го помине животот со Емина, тие веќе разговараат за венчавка, но сѐ уште не ја закажале“ – пишува српскиот весник, повикувајќи се на сопствени извори, кои тврдат дека најверојатно ова лето пејачката повторно ќе стапи во брак.
Според пишувањата во српските и турските медиуми, Емина не сакала јавноста да знае за нејзината врска сѐ додека не била сигурна дека станува збор за нешто сериозно.
Инаку за Курт се знае дека е 14 години повозрасен од Емина и дека зад себе веќе има еден брак од кој има две деца.
Тој со години наназад работи како финансиски советник и долго време живеел во Швајцарија.
Во 2021-ва година откако се развел со сопругата, Курт се вратил во Турција и иако не сака премногу да се експонира во медиумите, тој е добро познат во високите кругови во Турција.
Емина и Курт врската ја започнале во февруари годинава, а тој ја одвел на луксузно патување на Малдиви, по што честопати патувале заедно.
Српската пејачка по бракот со Мустафа Сандал, со кого сѐ уште води судски спор затоа што тој не плаќа алиментација за нивните синови Јаман (15) и Јавуз (9), ја поврзуваа со повеќе турски бизнисмени и милионери, а таа пред неколку денови се огласи во српските медиуми за ваквите пишувања и даде саркастичен одговор:
„Јас во Турција секој месец имам нов партнер, така што веќе не знам ни за кого станува збор.
Постојано се поставува прашањето околу љубовта.
Јас сум заљубена во моите синови и тоа им го кажав пред неколку денови.
За мажите навистина не сакам веќе да зборувам, затоа што тоа е веќе надмината тема. Желбата ми е луѓето да зборуваат за мојата музика и за она што го создавам“.
Дали Емина навистина е во врска со турскиот милионер, или станува збор само за гласини, останува да видиме.
Б. С. Б. | Црнобело