„Брат ми загина пијан во сообраќајка, бившата беше скршена кога дозна за синот од друга жена“: Арнолд Шварценегер искрено за минатото

Во нов документарец, Арнолд Шварценегер зборува за мигот кога ѝ кажал на бившата сопруга дека има син од афера со куќната помошничка, а се присети и на денот кога дознал дека брат му загинал во сообраќајка под дејство на алкохол.

brat-mi-zagina-pijan-vo-soobrakjajka-bivshata-beshe-skrshena-koga-dozna-za-sinot-od-druga-zhena-arnold-shvarceneger-iskreno-za-minatoto-01.jpg

Денес сите знаат дека Арнолд Шварценегер има син од аферата со куќната помошничка, но со години ова беше тајна што тој ја криеше од светот, но и од неговото семејство.

Токму оваа афера е причина и за разводот на Арнолд и неговата поранешна сопруга Марија Шривер.

Сега, во нов документарец насловен Arnold, 75-годишниот актер прозборе за мигот кога ѝ соопштил на сопругата дека има дете од друга жена.

brat-mi-zagina-pijan-vo-soobrakjajka-bivshata-beshe-skrshena-koga-dozna-za-sinot-od-druga-zhena-arnold-shvarceneger-iskreno-za-minatoto-04.jpg

Синот на Арнолд, Џозеф Баена, е роден во 1997 година, а сопругата Марија дознала за него и за аферата дури во 2011-та.

„Марија и јас еднаш неделно одевме на брачен советник. И, во една од сесиите, советникот ни рече: ’Мислам дека денес Марија сака да зборувате за нешто. Сака да знае дали ти си таткото на Џозеф‘. И, мене ми застана срцето и ѝ ја кажав вистината. ’Да Марија, Џозеф ми е син‘. Беше скршена.

Имав афера во 1996-та. На почетокот, навистина не знаев (дека ми е син). Како што растеше, ми стануваше појасно и беше прашање на време колку долго ќе можам да молчам. Како можеш да чуваш ваква тајна?“ – открива актерот.

brat-mi-zagina-pijan-vo-soobrakjajka-bivshata-beshe-skrshena-koga-dozna-za-sinot-od-druga-zhena-arnold-shvarceneger-iskreno-za-minatoto-10.jpg

Прочитајте и: Синот на Шварценегер, од аферата со куќната помошничка, е копија на актерот - како светот дозна за него?

Тој вели и дека до денес му е тешко да зборува за аферата бидејќи го повредил целото семејство. За потсетување, Арнолд и поранешната сопруга Марија заедно имаат четири деца.

„Ми ги отвора старите рани. Мислам дека му предизвикав доволно болка на семејството со мојата грешка. Сите страдаа. Марија страдаше, децата страдаа. Џозеф, неговата мајка…

Ќе треба да живеам со грешката целиот мој живот. Луѓето ќе се сеќаваат на мојот успех, но ќе се сеќаваат и на моите неуспеси. Ова е огромен неуспех“.

brat-mi-zagina-pijan-vo-soobrakjajka-bivshata-beshe-skrshena-koga-dozna-za-sinot-od-druga-zhena-arnold-shvarceneger-iskreno-za-minatoto-08.jpg

Сепак, иако жали за аферата, актерот истакнува дека синот Џозеф е прекрасна личност.

„Тоа што го направив беше погрешно. Но, не сакам Џозеф да се чувствува како да не е добредојден на овој свет. Го сакам и порасна во прекрасен млад човек“.

Арнолд и Марија најавија дека се разделуваат 2011 година, а само неколку дена подоцна тој јавно ѝ се извини за аферата.

brat-mi-zagina-pijan-vo-soobrakjajka-bivshata-beshe-skrshena-koga-dozna-za-sinot-od-druga-zhena-arnold-shvarceneger-iskreno-za-minatoto-02.jpg

Во истиот документарец, актерот споделува и други детали од неговиот живот.

Тој се присетува на неговото трауматично детство, како и трагичната смрт на неговиот брат Мејнхард.

Брат му загина во сообраќајка во 1971 година под дејство на алкохол.

brat-mi-zagina-pijan-vo-soobrakjajka-bivshata-beshe-skrshena-koga-dozna-za-sinot-od-druga-zhena-arnold-shvarceneger-iskreno-za-minatoto-05.jpg

„Ми кажаа ’Имаме лоши вести. Брат ти загина во сообраќајка. Беше пијан и удри во бандера‘. Сите секогаш го сакавме. Но, мислам дека брат ми никогаш не беше среќен.

Почна да пие бидејќи неговото детство беше тешко. Бруталноста во нашиот дом, тепањето што го добивавме од родителите, не можеше да го издржи сето ова‘.

brat-mi-zagina-pijan-vo-soobrakjajka-bivshata-beshe-skrshena-koga-dozna-za-sinot-od-druga-zhena-arnold-shvarceneger-iskreno-za-minatoto-07.jpg

Актерот споделува дека нивниот татко бил насилен и кон мајка им, а насилството имало огромно, но различно влијание врз него и врз брат му.

„Детството што го имавме можеби е корисно за некој како мене, кој во себе е силен и посветен. Но, брат ми беше многу кршлив. Она што мене ме претвори во личноста којашто сум денес, него го уништи“.

brat-mi-zagina-pijan-vo-soobrakjajka-bivshata-beshe-skrshena-koga-dozna-za-sinot-od-druga-zhena-arnold-shvarceneger-iskreno-za-minatoto-06.jpg

Арнолд зборуваше и за обвиненијата за сексуално малтретирање против него.

Во 2003 година, само неколку дена пред да биде избран за гувернер, The Los Angeles Time сподели изјави на неколку жени кои тврдеа дека актерот ги допирал без нивна дозвола.

Актерот го негираше ова, но подоцна призна.

brat-mi-zagina-pijan-vo-soobrakjajka-bivshata-beshe-skrshena-koga-dozna-za-sinot-od-druga-zhena-arnold-shvarceneger-iskreno-za-minatoto-03.jpg

„На почетокот се бранев. Но, заборавете на сите изговори, тоа беше погрешно. Не сме совршени. Пробуваме да бидеме, но има само еден кој е совршен – Бог. Правам грешки. Се однесував лошо. Се чувствувам лошо за тоа.

Но, не можам да го вратам времето. Морам да бидам повнимателен и помудар. Сега сум попаметен и ги земам предвид чувствата на другите“.

Документарецот на актерот ќе се емитува на Нетфликс од 7-ми јуни.

Спирова С. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Како изгледа денес актерот кој го глумеше Алан Харпер во „Два и пол мажи“? Ќелав, со брада, дотеран во елегантни одела - како изгледа денес актерот кој го ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Двапати банкротирал, има трауми од повредата на половиот орган – Ал Пачино откри досега непознати де... Благодарение на мајка му успеал да ја избегне судбината на неговите најблиски др...
„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...
„Заради неа почна да се бања и да ги чисти забите со конец“: Бред Пит сака деца со девојка му Инес Според извор близок до Бред Пит, актерот, за кој долго се шпекулира дека не воде...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg