Скиентолог е, црквата му помагала да ги прикрие силувањата – Што знаеме за ѕвездата од That ’70s Show која може да добие доживотна казна затвор?
- Детали
- петок, 02 јуни 2023
Се прослави со серијата That ’70s Show, цел живот е скиентолог, а сега сосема возможно е да добие и доживотна казна затвор. Што знаеме за Дени Мастерсон, актерот тој беше обвинет за силување пет жени?
Ако сте ја гледале That `70s Show, веројатно се сеќавате на Хајд – бунтовното и проблематично момче.
Но, додека Хајд донекаде беше шармантен, актерот што го глуми – Дени Мастерсон – се покажа како многу попроблематичен лик.
Актерот кој се прослави со хит-серијата за краток период си ја уништи репутацијата, но и кариерата, откако неколку жени го обвинија за силување.
Иако тој упорно ги негираше обвиненијата, сега, во 2023-та, се докажа неговата вина.
Па, што точно се случило и дали актерот отсекогаш бил проблематичен?
Дени Мастерсон е роден во Њујорк. Мајка му била менаџер, а татко му продавал осигурување.
Неговиот брат, пак, Кристофер Мастерсон, е исто така актер кој е најпознат по ситком серијата Malcolm in the Middle.
Уште од детството, Дени е и член на контроверзната скиентолошка црква.
Дени ја почнал кариерата во забавната индустрија уште на 4-годишна возраст како модел за реклами. До 8-годишна возраст, почнал и да глуми.
До 16-тиот роденден, Дени имал снимено над 100 реклами, и тоа за некои од најпопуларните американски брендови.
Во 1990-тите, тој ја добива една од главните улоги во серијата That ’70s Show и станува светски познат.
По завршувањето на серијата, тој се појави во уште неколку филмови и серии и иако можеби не беше најпознатиот актер, неговиот талент сепак не беше незабележан.
Во 2017-та Дени стана уште попознат, но не поради улогите, туку поради обвиненијата за силување.
Тогаш, четири жени изјавија дека во раните 2000-ти актерот ги силувал. Кон крајот на 2017-та, се огласи и петта жена која изјави дека додека била во врска со Дени, тој постојано ја силувал.
Три од жртвите на актерот биле скиентолози како него, па се знаеле од црквата. Останатите две биле негови поранешни девојки.