Скиентолог е, црквата му помагала да ги прикрие силувањата – Што знаеме за ѕвездата од That ’70s Show која може да добие доживотна казна затвор?

Очекувано, актерот се бранеше:

„Од првиот ден ги негирам обвиненијата против мене. Надлежните ги истражија овие тврдења уште пред 15 години и открија дека се лажни. Никогаш не сум бил обвинет за криминал, уште помалку осуден.

Во оваа држава сите сме невини додека не се докаже нашата вина. Сепак, во сегашната околина се чини дека ве прогласуваат за виновен уште во моментот кога ќе ве обвинат за нешто“, изјави тој за US Weekly.

cel-zhivot-e-skientolog-crkvata-mu-pomagala-da-gi-prikrie-siluvanjata-shto-znaeme-za-dzvezdata-od-that-70s-show-07.jpg

Додека полицијата го истражувала случајот, четири од жените веќе поднеле тужба против него.

Во август 2019-та, жртвите излегоа во јавност со нови тврдења.

Имено, лидерот на скиентолошката црква, Дејвид Мискевиџ, почнал да ги уценува – најмил луѓе да ги следат, им ја нарушувал приватноста и им се заканувал дека ќе им наштети ако продолжат со битката против Дени.

cel-zhivot-e-skientolog-crkvata-mu-pomagala-da-gi-prikrie-siluvanjata-shto-znaeme-za-dzvezdata-od-that-70s-show-04.jpg

Во 2020-та, Дени беше осуден за три случаи на силување. За останатите два, судиите немале доволно докази.

Тој беше уапсен на 17-ти јуни, но беше ослободен истиот ден со кауција од неверојатни 3,3 милиони долари.

Сепак, ова не значи дека беше ослободен.

cel-zhivot-e-skientolog-crkvata-mu-pomagala-da-gi-prikrie-siluvanjata-shto-znaeme-za-dzvezdata-od-that-70s-show-06.jpg

Дени требаше да одговара за силувањето на 23-годишна жена во 2001-ва, 28-годишна жена во 2003-та и уште една 23-годишна жена во 2003-та.

Судењето траеше неколку години, со бројни сослушувања на сведоци, вклучувајќи ги и трауматичните сведоштва на жртвите.

Според една од жртвите, таа дури и изгубила свест додека актерот ја силувал. А, кога се разбудила, тој уште бил врз неа.

cel-zhivot-e-skientolog-crkvata-mu-pomagala-da-gi-prikrie-siluvanjata-shto-znaeme-za-dzvezdata-od-that-70s-show-11.jpg

Конечно, во мај 2023-та, Дени беше прогласен за виновен за силувањето на две од жртвите. Во август годинава, закажано е уште едно судење за третиот случај.

Засега не му е изречена казна на актерот, но најверојатно ќе добие од 30 години до доживотна казна затвор.

cel-zhivot-e-skientolog-crkvata-mu-pomagala-da-gi-prikrie-siluvanjata-shto-znaeme-za-dzvezdata-od-that-70s-show-03.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Каде се денес актерите од серијата „The Sopranos“ - Тони Сопрано почина, ќерка му боледува од мултип... Американската серија The Sopranos првпат почна да се прикажува на 10 јануари 199...
Двапати банкротирал, има трауми од повредата на половиот орган – Ал Пачино откри досега непознати де... Благодарение на мајка му успеал да ја избегне судбината на неговите најблиски др...
Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал д...
„Заради неа почна да се бања и да ги чисти забите со конец“: Бред Пит сака деца со девојка му Инес Според извор близок до Бред Пит, актерот, за кој долго се шпекулира дека не воде...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg