Џон Сина (46) сака живот без деца: „Уживам и енергијата ја трошам на тоа да бидам најдобар сопруг“

„Навистина уживам во мојот живот. Благословен сум да правам и да видам работи, кои не сум можел ниту да ги сонувам“, вели Џон Сина, кој смета дека ќе биде добар татко, но дека сè уште нема доволно причини за тоа.

djon-sina-46-saka-zhivot-bez-deca-uzhivam-i-energijata-ja-trosham-na-toa-da-bidam-najdobar-soprug-01.jpg

Џон Сина, познатиот борач кој стана актер, и неговата сопруга велат дека уживаат во бракот без деца и немаат причина да го менуваат нивниот пријатен животен стил.

Шеј Шариатзаде е негова втора сопруга и заедно се од октомври 2020. Парот се сретна на сетот на филмот Hot Ahead! и по само година и половина заедно стапија во брак, во тајност.

djon-sina-46-saka-zhivot-bez-deca-uzhivam-i-energijata-ja-trosham-na-toa-da-bidam-najdobar-soprug-03.jpg

Две години подоцна тие организираа и официјална церемонија.

Кога станува збор за проширување на семејството, Џон не се брза. Тој во една пригода изјави дека неговата кариера тргнала по нагорна линија, дека е многу зафатен и ужива во моменталната ситуација.

djon-sina-46-saka-zhivot-bez-deca-uzhivam-i-energijata-ja-trosham-na-toa-da-bidam-najdobar-soprug-11.jpg

„Навистина уживам во мојот живот. Благословен сум да правам и да видам работи, кои не сум можел ниту да ги сонувам, а верувајте ми сум имал убави соништа“, изјави тој.

Џон вели дека во сè во животот се вложува максимално, па така е и со улогата на сопруг. Вели дека да се биде одличен сопруг одзема многу енергија, па поради тоа нема време за деца.

djon-sina-46-saka-zhivot-bez-deca-uzhivam-i-energijata-ja-trosham-na-toa-da-bidam-najdobar-soprug-07.jpg

„Навистина е тешко да го избалансираш времето и да функционираш правилно. Тешка работа е да ѝ бидам најдобриот можен сопруг на мојата сакана и да посветам време на сите луѓе кои ги сакам во животот“.

Џон смета дека ќе биде добар татко, но дека сè уште нема доволно причини за тоа.

djon-sina-46-saka-zhivot-bez-deca-uzhivam-i-energijata-ja-trosham-na-toa-da-bidam-najdobar-soprug-08.jpg

„Јас мислам дека само затоа што сметате дека ќе бидете добар во нешто, не значи дека тоа е доволно добра причина за да го направите. Мора да имате страст за тоа“.

Сепак, Џон идејата да има деца не ја исклучува засекогаш.

djon-sina-46-saka-zhivot-bez-deca-uzhivam-i-energijata-ja-trosham-na-toa-da-bidam-najdobar-soprug-04.jpg

Негов близок пријател за американските медиуми вели: „Многу долго време зборуваше дека не сака деца, но сега како оваа идеја да му станува малку поблиска.

Работите се поинакви поради Шеј. Со неа се чувствува помудар и поподготвен за одговорности“.

djon-sina-46-saka-zhivot-bez-deca-uzhivam-i-energijata-ja-trosham-na-toa-da-bidam-najdobar-soprug-09.jpg

djon-sina-46-saka-zhivot-bez-deca-uzhivam-i-energijata-ja-trosham-na-toa-da-bidam-najdobar-soprug-05.jpg

djon-sina-46-saka-zhivot-bez-deca-uzhivam-i-energijata-ja-trosham-na-toa-da-bidam-najdobar-soprug-02.jpg

djon-sina-46-saka-zhivot-bez-deca-uzhivam-i-energijata-ja-trosham-na-toa-da-bidam-najdobar-soprug-10_copy.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
14 најубави парови кои издоминираа на Оскари 2024 и забавата по доделувањето (фото) Марго Роби во тоалета како песочен часовник, со природна фризура и шминка позира...
Рита Ора се расплака на сцена, Зејн Малик со емотивна објава – Ѕвездите се збогуваат од Лиам Пејн Рита Ора се расплака на сцена додека пееше песна што ја издадоа со Лиам Пејн, до...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Ким Кардашијан го претвори домот во снежна шума, додека ќерка ѝ моли да живее со Канје (фото) Додека во јавноста се шпекулира дека Ким и Канје можеби ќе ги променат правилата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg