Меган Маркл во раскошен аутфит од 12.000 долари на гала во Њујорк, со принцот Хари и мајка ѝ

Откако го пропушти крунисувањето на кралот Чарлс, Меган Маркл доби награда за нејзиното залагање за женските права, а на свеченоста се појави во златен аутфит кој чини 12.000 долари. На настанот присуствуваа принцот Хари и нејзината мајка Дорија кои се нејзина најголема поддршка по скандалите.

megan-markl-vo-raskoshen-autfit-od-12-000-dolari-na-gala-vo-njujork-so-princot-hari-i-majka-01.jpg

Меган Маркл не присуствуваше на крунисувањето на кралот Чарлс, но очигледно не ѝ недостасува гламурот на кралското семејство.

41-годишната сопруга на принцот Хари, вчера (16.05) присуствуваше на гала свеченост, каде што доби и награда.

Меган ја доби наградата Woman of Vision (жена со визија) за нејзиното залагање за правата на жените.

Таа се појави во златен раскошен аутфит кој, според Daily Mailчини 12.000 долари.

megan-markl-vo-raskoshen-autfit-od-12-000-dolari-na-gala-vo-njujork-so-princot-hari-i-majka-07.jpg

Бидејќи станува збор за феминистички настан, Меган одбрала креација од брендот Johanna Ortiz чиј сопственик е жена.

Златниот фустан е со миди здолниште и има шлиц на предниот дел, како и мал исечок под градите. Фустанот чини 1.850 долари.

Меган ја дополнила комбинацијата со златни сандали од брендот Tom Ford кои чинат 1.350 долари и мала златна чанта од брендот Carоlina Herrera која чини 1.100 долари.

megan-markl-vo-raskoshen-autfit-od-12-000-dolari-na-gala-vo-njujork-so-princot-hari-i-majka-06.jpg

Најскапиот детаљ во нејзиниот аутфит е златната Cartier белегзија која чини дури 7.350 долари.

megan-markl-vo-raskoshen-autfit-od-12-000-dolari-na-gala-vo-njujork-so-princot-hari-i-majka-02.jpg

Според официјалниот веб-сајт на настанот, Меган е „феминистка, шампион за човековите права и родовата еднаквост, како и светски идол“, па затоа ја заслужува наградата.

На веб-сајтот е истакнато и дека Меган е една од најмоќните и највлијателните жени во светот која се нашла на листите на реномираните магазини како Time и британскиот Vogue.

megan-markl-vo-raskoshen-autfit-od-12-000-dolari-na-gala-vo-njujork-so-princot-hari-i-majka-05.jpg

На настанот присуствуваше и принцот Хари кој се појави со темносин костум (кој веќе е препознатлив за него) и бела кошула.

megan-markl-vo-raskoshen-autfit-od-12-000-dolari-na-gala-vo-njujork-so-princot-hari-i-majka-03.jpg

Тука беше и мајката на Меган – Дорија – која наводно живее со парот во Калифорнија.

Дорија носеше едноставен црн фустан со долги проѕирни ракави, во комбинација со црни штикли.

megan-markl-vo-raskoshen-autfit-od-12-000-dolari-na-gala-vo-njujork-so-princot-hari-i-majka-04.jpg

Овој настан се одржува со цел да ја зголеми свесноста за феминистичкото движење и да им оддаде почит на оние кои се залагаат за тоа.

Билетите за галата чинат околу 1.500 долари, додека за една маса присутните одвојуваат по речиси 15.000 долари кои се регистрираат како донација.

По наградата што ја доби, Меган се соочи со критики, особено на Твитер, каде што многумина сметаат дека со високата донација, таа всушност си ја купила „лажната“ награда.

Повеќе фотки од настанот:

Спирова С. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Хари беше претставен како зависник и нацист, а Вилијам беше златниот принц – Што ѝ претходеше на кав... Иако многумина ја обвинуваат Меган Маркл за влошените односи меѓу Вилијам и Хари...
Меган Фокс првпат искрена за пластичните операции: „Трипати ги зголемив градите, сакам и поголем зад... „Првата операција ја направив на 21 или 22 години. Повторно направив операција к...
„Сакаше да биде принцеза, а денес рекламира кафе“ – Дали Меган Маркл беше во заблуда за тоа како ќе ... „Некогаш ја претставуваше кралицата, а сега пакува кафе. Леле на кое ниво паднал...
Најубавите парови на доделувањето на Греми 2024 (фото) Дејвид Гета и девојката Џесика, Криси Тајген и Џон Леџенд, но и Мајли Сајрус со ...
Најскапите модни изданија на познатите дами на црвениот тепих Знаете ли дека впечатливиот жолт фустан што Ријана го носеше на Мет галата во 20...
Џастин Бибер е мизерен со Хејли додека го очекуваат првото дете: „Очаен е, му ги троши парите и го к... „Хејли троши многу пари. Постојано патува со приватни авиони. Еднаш дури и отиде...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg