Се венча со 90-годишен милијардер, по смртта на син ѝ се предозира – Бурниот (и трагичен) живот на Ана Никол Смит

Само еден ден откако го роди второто дете, синот на Ана Никол Смит се предозира и умре. Претходно, таа беше во брак со 90-годишен милијардер, а по неговата смрт водеше жестока судска битка за богатството од над 1,3 милијарди долари и остана без „скршен денар“. Трагичниот живот на Ана Никол Смит.

se-vencha-so-90-godishen-milijarder-po-smrtta-na-sin-se-predozira-burniot-i-tragichen-zhivot-na-ana-nikol-smit-01.jpg

Ана Никол Смит беше модел, актерка и ријалити ѕвезда која се прослави благодарение на магазинот Playboy, но и нејзиниот контроверзен брак со 90-годишен милијардер.

Ана имаше сериозни проблеми со зависност од дрога, исто како и нејзиниот син кој почина на 20-годишна возраст.

И животот на самата Ана згасна прерано - таа се предозира на 39-годишна возраст.

Прочитајте повеќе за бурниот живот на контроверзната Ана:

Ана, чие вистинско име е Вики Лин Хоган, била родена во Тексас во 1967-ма. Живеела со мајка ѝ, која била полицаец, и очувот.

Кога се прослави, Ана изјави дека мајка ѝ била „тиранин“ и во детството трпела многу тепање, камшикување, па дури и силување.

На 17-годишна возраст, Ана се венчала со Били Вејн Смит – 16-годишно момче од нејзиниот град. Но, наводно Били бил толку љубоморен, што ја заклучувал дома кога одел на работа.

Околу две години по венчавката, таа и Били го добиле синот Даниел.

se-vencha-so-90-godishen-milijarder-po-smrtta-na-sin-se-predozira-burniot-i-tragichen-zhivot-na-ana-nikol-smit-02.jpg

Сакајќи подобар живот за себе и за синот, кога Даниел наполнил шест месеци, Ана избегала со него и се преселила во Хјустон.

Овде почнала да работи во стриптиз клуб каде што помеѓу гостите често имало милионери.

Додека работела во клубот, Ана ја запознала Миси која брзо ѝ станала најдобра пријателка.

Според Миси, иако Ана не знаела да танцува, многу добро знаела како да флертува со мажите, па веднаш почнала да заработува огромни суми.

se-vencha-so-90-godishen-milijarder-po-smrtta-na-sin-se-predozira-burniot-i-tragichen-zhivot-na-ana-nikol-smit-03.jpg

Бидејќи се зближиле, Ана ѝ кажувала на Миси дека татко ѝ ја врзувал за креветот со денови и ја тепал. Истовремено, Ана ѝ кажала дека сонувала да стане супермодел и единствената пречка на патот ѝ биле малите гради.

Ана не се откажувала од нејзината цел и ги зголемила градите.

Но, операцијата ѝ предизвикувала сериозни болки, па почнала да пие силни апчиња против болка. Најверојатно, овој период почнале нејзините проблеми со зависност.

se-vencha-so-90-godishen-milijarder-po-smrtta-na-sin-se-predozira-burniot-i-tragichen-zhivot-na-ana-nikol-smit-04.jpg

Во 1991 година, во стриптиз клубот во којшто работела Ана почнал да доаѓа милијардерот Џ. Хауард Маршал кој тогаш имал 87 години.

Тие почнале врска, а милијардерот ја опсипувал со скапи подароци, вклучувајќи куќа со шест спални и базен.

Наводно, Хауард ја молел да се венча со него, но Ана не сакала да ја нарекуваат „спонзоруша“. Односно, прво сакала самата да успее, па дури потоа да се венча со милијардерот.

se-vencha-so-90-godishen-milijarder-po-smrtta-na-sin-se-predozira-burniot-i-tragichen-zhivot-na-ana-nikol-smit-05.jpg

Набрзо потоа Ана направи фотосесија за магазинот Playboy и брзо се прослави во САД. Во 1994-та, пак, доби улога во филм на браќата Коен.

Но, додека нејзината кариера се движеше во нагорна линија, проблемите со зависност на Ана стануваа сè посериозни.

Кон крајот на 1993-та, таа се предозира и извесен период помина во болница.

se-vencha-so-90-godishen-milijarder-po-smrtta-na-sin-se-predozira-burniot-i-tragichen-zhivot-na-ana-nikol-smit-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Бен Афлек и синот „шлапнаа“ во вир, Жизел Бундшен тагува: Фото-докази дека и ѕвездите се „обични“ лу... Секојпат кога Бен е мизерен, тој завршува како меме, а пред неколку дена папарац...
„Не сакам да сум сопруга, туку девојка“: Шакира и уште 4 славни кои не сакаат да стапат во брак Шакира никогаш не била во брак, а Џејн Фонда смета дека сама може да направи пов...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg