Се омажила на 21 година, со сопругот криеле дека се заедно – Факти за Јулија Санина, украинската водителка на Евровизија 2023
- Детали
- сабота, 13 мај 2023
Признава дека е мошне љубоморна кога обожавателки му праќаат пораки на сопругот, на 21 се омажила за гитаристот на нејзиниот рок бенд The Hardkiss, а на 25 години станала мајка. Што знаеме за Јулија Санина, украинската водителка на Евровизија 2023?
Минатата година, победник на Евровизија беше Украина, но заради војната, музичкиот натпревар годинава се одржува во Англија, односно во Ливерпул.
Сепак, во организацијата на Евровизија 2023, Британците вклучија голем број детали што треба да го симболизираат минатогодишниот победник, а во таа насока е и изборот на водителките годинава: две се од Англија, а една е од Украина.
Честа да ја претставува својата земја на Евровизија ѝ припадна на Јулија Санина, позната украинска рок пејачка, текстописец и фронтмен на украинскиот бенд The Hardkiss.
Инаку, Јулија била во украинскиот избор за песна претставник на Евровизија во 2016-та година. Нејзиниот бенд The Hardkiss го освоил второто место на домашниот избор, но таа година Џамала беше избрана да ја претставува земјата на Евровизија и однесе победа.
Годинава, Јулија ја имаше честа да ја отвори Евровизија со моќен настап, придружувана од танчари, а на сцената доминираа сината и жолтата боја, односно боите на земјата од која доаѓа.
Julia Sanina is owning the #Eurovision2023 stage! 💥 Sadly you can't vote for Julia Sanina at #Eurovision2023 tonight! 😅 pic.twitter.com/TVnfLWh1CR
— BBC Eurovision (@bbceurovision) May 9, 2023