„Тој е мизерна личност“ - Зошто Бен Афлек е најнесреќниот сопруг во Холивуд?
- Детали
- петок, 12 мај 2023
„Јас мислам дека е чуден и патетичен и ја мрази својата сопруга“, „Овој човек изгледа како да е под стрес цело време“, „Нервозен е затоа што сопругата не му дозволува да пие и да се дрогира и очекува од него да биде посветен сопруг и татко“...
Неодамна осамна видео на кое Бен Афлек ја треска вратата од автомобилот откако неговата сопруга Џеј Ло влегува внатре, но ова не е прва ситуација во која Бен прави драма и изгледа нерасположено.
Тој и на настани и каде и да се појави секогаш има некој тажен и чуден израз на лицето, па луѓето на социјалните мрежи и на форумите го прогласија за најнесреќниот сопруг во Холивуд.
Дел од коментарите за него:
„Бен е буквално најнесреќниот сопруг и сопругот под најголем притисок во Холивуд“.
„Начинот на кој ја затвора вратата од автомобилот покажува дека Џеј Ло го излудува и Бен нема мир веќе подолго време“.
„Јас мислам дека тој е навистина уморен од папараците“.
„Јас мислам дека е чуден и патетичен и ја мрази својата сопруга“.
„Овој човек изгледа како да е под стрес цело време“.