Џеј Ло и Бен Афлек вљубени на настан, но на папарацо снимка тој ѝ ја треска вратата од автомобилот
- Детали
- четврток, 11 мај 2023
И додека на новата филмска премиера на Џеј Ло тие изгледаа совршено вљубени, се прегрнуваа и бакнуваа, во реалноста ситуацијата е сосема поинаква, а едно неодамнешно папарацо видео е доказ за тоа...
Џенифер Лопез и Бен Афлек на црвениот тепих секогаш сакаат да покажат дека нема проблеми во рајот и дека бракот им е совршен, па така беше и на премиерата на новиот акционен филм на Џеј Ло „The Mother“ во Лос Анџелес.
53-годишната пејачка и актерка изгледаше одлично во монохроматски стајлинг, и се бакнуваше и прегрнуваше со нејзиниот 50-годишен сопруг.
Но, дали е сè така розово во односот на славниот пар?
Неодамна тие повторно станаа вирален хит со едно видео.
Снимени се како од пазарење одат кон својот автомобил во лошо расположение, а на крај Бен Афлек ја треска вратата од автомобилот, откако Џеј Ло влегува во него.
Фановите коментираат дека расположението на Бен изгледа навистина мрачно и дека најверојатно повторно има проблеми со алкохолизмот, затоа што често изгледа луто во секојдневието.
Погледнете го видеото:
https://www.tiktok.com/@moviemaniacs/video/7231440724053527850
Повеќе фотографии од парот на филмската премиера:
С. С. | Црнобело