7 смели аутфити, плус-сајз танчарки, шоу со летечки коњ – Биjонсе издоминира на сцена во Стокхолм (фото+видео)
- Детали
- четврток, 11 мај 2023
Светкави костими во разни бои, корсет од бисери, кобинезон од скапоцени камења на кои има раце што ја милуваат по телото, додека околу неа танцуваат плус-сајз танчарки. Бијонсе им се врати на турнеите по 5 години, а покажа дека сè уште е модна и поп-дива, која може да им послужи за пример на голем број помлади колешки.
Поп-пејачката Бијонсе ја започна својата светска турнеја насловена Renaissance, а првиот од 57-те планирани концерти се одржа во Стокхолм во средата (10.05).
Освен со енергичните настапи на сцена, поп-дивата привлече внимание и со нејзините уникатни костими во кои настапи во текот на вечерта.
Бијонсе турнејата ја започна во светкави костими во разни бои, со впечатливи детали – дел од нив имаа холографски делови кои совршено изгледаа на сцената.
На првиот концерт таа промени вкупно 7 различни аутфити, а приреди шоу што долго ќе се памети.
Beyoncé performing “THIQUE” at the #RenaissanceWolrdTour pic.twitter.com/OVsTCYBAZR
— RENAISSANCE World Tour (@RenaissanceWT) May 11, 2023
Фустан што ја менува бојата под УВ светлината, комбинезон изработен од скапоцени камења на кој има раце што провокативно го милуваат телото, корсет изработен од бисери.
Ова се само дел од фустаните што ексклузивно беа изработени за неа и што таа ќе ги носи во рамки на наредните 56 настапи низ светот.
🚨 Beyonce brought out Taylor Swift on the opening night of her tour! pic.twitter.com/fYmWb3fmIt
— Bogi✨🫶🏻 (@notlikethisB) May 10, 2023
Освен костимите, посебен впечаток кај присутните остави и сценографијата.
На сцената имаше оклопни возила, разни детали и реквизити, роботи, но она што најмногу ѝ остави впечаток на публиката во Стокхолм е што таа си замина на „летечки коњ“ изработен од кристали.
And then #Beyonce flies away on a silver horse to the heavens. #BeyonceRenaissanceTour pic.twitter.com/KZWXH9qc2G
— Flip Phone (@flipphoneevents) May 10, 2023
Според Бијонсе, целосно дизајнот е ода на „денс“ музиката и на модерната култура.
Сè на сè, Бијонсе покажа дека сè уште важи за модна и поп-дива, која секогаш знае да ѝ приреди вистинско изненадување на публиката.
Погледнете повеќе фотографии од нејзините аутфити во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело