Том Хенкс и Рита Вилсон прославија 35 години во брак – „Љубовта е сè“
- Детали
- понеделник, 01 мај 2023
Еден од омилените холивудски парови, Том Хенкс (66) и Рита Вилсон (66), прославија 35 години во брак. Во времето кога се запознаа Хенкс беше во брак со првата сопруга и не помислуваше дека Вилсон ќе биде негова сопруга, а ни дека бракот ќе им трае 3 и пол децении.
Еден од омилените холивудски парови, Том Хенкс (66) и Рита Вилсон (66), прославија 35 години во брак. Актерката објави фотка на Инстаграм на која нејзиниот сопруг држи торта со порака „Среќна годишница“.
„35 години брак. 30 април 1988. Љубовта е сè“, напиша Вилсон на фотографијата.
Честитки добија од фановите, но и од нивните холивудски пријатели, меѓу кои и актерите Џулијен Мур, Ниа Вардалос, Ники Рид, Шон Хејс и други.
Том ја запозна Рита снимањето на ситкомот „Bosom Buddies“ во 1980 година, каде што тој имаше главна улога.
Во тоа време актерот беше во брак со Саманта Луис.
Тие повторно се сретнаа во 1985 година, кога Рита требаше да му глуми девојка во филмот „Volunteers“.
Но, љубовната врска ја почнаа две години подоцна, во 1987, кога Том се разведе, а во 1988 година се венчаа.
Том има две деца од првиот брак, Колин (45) и Елизабет (40), а со Рита ги доби синовите Честер (32) и Труман (27).
Кога пред неколку години новинар го праша Том која е тајната на неговиот среќен и долг брак, тој кажа дека има 6 правила до кои секој мора да се придржува.
Според Том, првото од нив е никој да не се венча пред да наполни 30 години.
Парот, кој важи за еден од најдолговечните во Холивуд и кој никогаш не бил дел од некој скандал, низ годините помина многу, вклучувајќи ја и борбата со ракот на дојката на Рита.
Актерката во 2015 година ги отстрани двете гради и успеа да ја победи болеста.
А. Ј. | Црнобело