Не се венчајте пред 30 години - Правилата на Том Хенкс за среќен брак кој трае веќе 3 децении
- Детали
- среда, 26 февруари 2020
Актерот Том Хенкс е во среќен брак со Рита Вилсон, а според него, постојат 6 правила за бракот да биде хармоничен и среќен и покрај сите предизвици во животот.
Иако Том Хенкс не е експониран во јавноста, сепак има добри лекции за љубовта кои може да ги научите од неговото искуство:
1. Не влегувајте во брак пред 30-тата година
„Не се венчајте пред да наполните 30 години,“ кратко и јасно вели актерот.
Том Хенкс вели дека во првиот брак влегол импулсивно, дека бил премлад и не размислувал. За да влезете во сериозно парнерство како што е бракот, би требало да имате повеќе од 20-тина години, смета тој.
2. Излезете во пресрет на партнерот, дури и во најкритичните ситуации
Хенкс по вероисповед е католик, додека сопругата му е припадничка на православната црква. Со оглед на тоа што таа е поголем верник Том решил да ја промени верата.
„Се жртвував за својата сопруга и бидејќи го почитувам нејзиното семејство, решив да преминам во православен.“
3. Поддржувајте се секојдневно
„Тука сум благодарение на својата сопруга која секој ден ми покажува што значи љубов,“ раскажа Том на говорот во 1994-та година, кога го доби првиот Оскар.
4. Правете мали, убави работи за вашиот партнер
„Често ѝ оставам пораки на телефонот или некаде низ кујната. Ѝ посакувам убав ден и слични убави работи. Куцкам пораки на машините за куцање кои ги имам во поголем број. Исто така, имам навика да ѝ праќам слики во текот на денот,“ во една прилика сподели актерот.
5. Сакајте се без резерва
„Оваа жена ме сака и кога сум дебел и кога сум слаб. Ме сака и кога сум ќелав и кога имам коса. Оваа жена ме сака и тоа добро го знам. Поради тоа сум среќен човек.“
6. Најважно е да ја најдете вистинската личност
Новинарите често го прашуваат Том во што е тајната на неговиот долготраен брак. На тоа, со насмевка им одговара:
„Тајната е во тоа што сум оженет со вистинската сопруга. Имав среќа да се оженам со прекрасната Рита Вилсон. Јас сум најсреќниот човек на светот!“
М. Д. | Црнобело