Џенифер Гарнер ја критикува Џеј Ло за приватноста на децата: „Бен пробува да ги смири, прашање на време е кога ќе се судрат јавно“

На Џенифер Гарнер не ѝ се допаѓало што нејзините деца немаат приватност поради Џеј Ло, а Бен Афлек пробувал да ја смири тензијата помеѓу нив. Истовремено, Бен мразел што Џеј Ло го терала да ги остави цигарите и сега пушел повеќе од кога било. Изворите тврдат и дека Џеј Ло сака да го контролира, па дури и му забранувала да ја носи омилената облека.

dzhenifer-garner-ja-kritikuva-dzhej-lo-za-privatnosta-na-decata-ben-probuva-da-gi-smiri-prashanje-na-vreme-e-koga-kje-se-sudrat-javno-01.jpg

Иако досега изгледаше како Џенифер Гарнер и Џеј Ло да се во добри односи, извори тврдат дека ситуацијата се менува.

Според извор на Radar Online, моментално Бен Афлек е принуден да биде судија помеѓу бившата и сегашната сопруга. Наводно, ситуацијата би можела да ескалира во секој момент и да настане вистинска војна помеѓу Џенифер и Џеј Ло.

dzhenifer-garner-ja-kritikuva-dzhej-lo-za-privatnosta-na-decata-ben-probuva-da-gi-smiri-prashanje-na-vreme-e-koga-kje-se-sudrat-javno-05.jpg

Според изворот, Џенифер Гарнер е гневна што нејзините деца немаат приватност поради вниманието што го добиваат покрај Џеј Ло.

„Работам навистина напорно за да не видам никој од нас во медиумите. Не ми е пријатно, дури и ако е нешто убаво за нас. Не мора да гледам како прават мемиња од моето семејство. Иако, сигурна сум дека тој (Бен Афлек) е добар за да прават мемиња со него“, изјави Џенифер Гарнер во една прилика.

dzhenifer-garner-ja-kritikuva-dzhej-lo-za-privatnosta-na-decata-ben-probuva-da-gi-smiri-prashanje-na-vreme-e-koga-kje-se-sudrat-javno-06.jpg

Наводно, Џеј Ло ја сфатила изјавата како личен напад и сакала „да ѝ се одмазди“:

„Со ова, Гарнер кажува дека Бен изгледа мизерно и дека неговото појавување во јавност е тажно. Како Џеј Ло да не ја сфати изјавата лично?

Дел од неа сака да се одмазди, но таа е доволно паметна за да не прави сцена во јавност. Па, останува на Бен да биде судија помеѓу нив“, вели изворот на Radar Online.

dzhenifer-garner-ja-kritikuva-dzhej-lo-za-privatnosta-na-decata-ben-probuva-da-gi-smiri-prashanje-na-vreme-e-koga-kje-se-sudrat-javno-03.jpg

Бен и поранешната сопруга заедно имаат три деца, па тие мораат постојано да бидат во контакт. Истовремено, Џенифер и Џеј Ло честопати се гледаат.

„Сето ова е најлошиот кошмар на Бен. Прашање на време е кога двете жени јавно ќе се судрат“, додава изворот.

dzhenifer-garner-ja-kritikuva-dzhej-lo-za-privatnosta-na-decata-ben-probuva-da-gi-smiri-prashanje-na-vreme-e-koga-kje-se-sudrat-javno-02.jpg

Но, се чини Џенифер Гарнер не е единствениот проблем помеѓу Бен и Џеј Ло.

Моментално парот е во потрага по нова куќа и имале големи несогласувања во врска со изборот.

Според изворите, за помалку од една година тие се премислиле неколкупати и дале многу пари за инспекција на куќите. Наводно, Бен многу ја сака куќата што ја разгледуваат сега, но не и Џеј Ло, а ова создавало тензија помеѓу нив.

dzhenifer-garner-ja-kritikuva-dzhej-lo-za-privatnosta-na-decata-ben-probuva-da-gi-smiri-prashanje-na-vreme-e-koga-kje-se-sudrat-javno-08.jpg

Истовремено, парот многу се расправал бидејќи Бен е пушач.

„Сега Бен пуши надвор, настрана од Џеј Ло, а пробува да ги намали цигарите со гума за џвакање со никотин. Но, тој призна дека Џеј Ло ја мрази и гумата.

Бен ѝ вети дека ќе ги остави цигарите, но бидејќи Џеј Ло постојано му зборува за тоа, сега пуши повеќе од кога било“.

dzhenifer-garner-ja-kritikuva-dzhej-lo-za-privatnosta-na-decata-ben-probuva-da-gi-smiri-prashanje-na-vreme-e-koga-kje-se-sudrat-javno-07.jpg

Покрај цигарите, на Џеј Ло ѝ пречел и стилот на Бен.

„Тој сака фармерки и маички, а сега Џеј Ло контролира што ќе носи“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Џеј Ло и Бен Афлек отидоа на ручек среде развод - тој повторно е напнат и несреќен (фото) Средбата на Бен Афлек и Џенифер Лопез со децата, среде бракоразводна постапка, г...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
Џеј Ло прави селфи фотки со задникот во преден план – на одмор во Италија без Бен Афлек, среде гласи... Во бел костим за капење и големи очила за сонце, Џеј Ло си направи фотосесија на...
Бен Афлек насмеан покрај бившата сопруга, Бред Пит напорно работи: Фото докази дека и ѕвездите се „о... Бен Афлек стана препознатлив по неговиот „мизерен“ изглед пред папараците, но ов...
6 години ја кријат љубовта – Ретко појавување на Џенифер Гарнер со дечкото „Бен, дали ти недостасува Џенифер Гарнер сега?“ – прашуваат твитерџиите откако с...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg