Првата сопруга на Џони Деп сакала да ѝ се одмазди на Амбер Херд: „Ужасна е за тоа што му го правеше“
- Детали
- четврток, 13 април 2023
„Ни јас не сум ангел. И јас сум направила лоши работи на други луѓе, но она што го направи таа е ужасно! Плачев за него“, вели првата сопруга на Џони Деп во ретко интервју, додавајќи дека посакувала да ѝ се одмазди на Амбер Херд.
Една година откако почна фамозното судење на Џони Деп и Амбер Херд, првата сопруга на актерот даде ретко интервју во кое го сподели своето мислење за Амбер.
Лори, која сè уште го користи презимето Деп, се венча со актерот во далечната 1983 година. Тогаш таа имаше 25, а Џони – само 20 години.
Иако нивниот брак траеше едвај две години, парот остана во добар однос. Ова го потврдува и интервјуто на Лори во кое го брани актерот и вели дека Амбер е ужасна личност.
Лори истакнува дека ја почитува желбата за приватност на Џони Деп, па затоа не зборува за него. Но, сметала дека мора да каже нешто за Амбер бидејќи му ја уништила репутацијата на актерот.
„Ја имам запознаено. Одев на забави во куќата на Џони и ми изгледаше како многу добра личност. Беше прекрасна и, како да не ја сакаш?“ – вели Лори за актерката.
„Но, како што минуваше времето, почнав да слушам работи за неа. Тогаш Џони не ми изгледаше многу среќен“ – додава таа.
Лори вели дека честопати плачела додека го следела судењето бидејќи Џони бил присилен да споделува приватни детали за него пред целиот свет.
„Она што ме погоди најмногу беа работите што ги кажуваше на судењето. Се расплакав неколкупати бидејќи се чувствував лошо за него.
Тој е приватна личност – што е причина зошто не давам интервјуа – и мислам дека мораше да се отвори толку многу. Си помислив дека сето ова ќе биде или катастрофа или ќе помине навистина добро“.
Во периодот додека траеше судењето, Лори била во контакт со еден од најдобрите пријатели на Џони – Исак Браух.
„Му се јавував на Исак понекогаш и го прашував: ’Што се случува? Добар ли е?‘ и тој ќе ми речеше ’Не се грижи, ќе победиме‘. По разговорот буквално плачев бидејќи бев преплашена за него“.
Во интервјуто, Лори го споделува и своето мислење за Амбер, алудирајќи на тоа дека сакала и да ѝ се одмазди.
„Ми се крши срцето што некој му направи нешто такво. Јас не сум ангел, и јас сум направила лоши работи на други луѓе, но она што го направи таа е ужасно. И, ако можев да ѝ направам нешто, ќе ѝ направев!“
Речиси четири децении по разводот, Лори сè уште има само добри зборови за Џони Деп:
„Тој е многу дарежлив, го има најголемото срце. Многу го сакам и радосна сум кога размислувам за него и неговата иднина, за нашето минато. Му посакувам сè најдобро и се надевам дека тој го мисли истото за мене!
Дали можам да кажам нешто лошо за него? Можам да кажам нешто лошо за кого било, но нема потреба. Тој прави нормални грешки како сите други луѓе. Повторувам, тој е дарежлив и добар и едвај чекам да го видам бидејќи многу сакам да го прегрнам“.
Прочитајте и: Не е Ванеса Паради – Која е и како изгледа денес првата сопруга на Џони Деп, која му помогнала да стане славен?
По судењето, Амбер Херд замина во Шпанија, а наводно периодов и Џони Деп е во Европа, односно во Англија.
Според извори блиски до Амбер, таа сака да се држи понастрана од јавноста.
„Сега се фокусира на мајчинството. Судењето беше трауматично за неа и само сакаше да избега од целата врева, да исчезне од Холивуд“.
Џони Деп, пак, повторно почна да добива улоги и постепено си ја подобрува репутацијата во филмската индустрија.
Спирова С. | Црнобело