2 години била во врска со неговиот најдобар другар, се венчале во Лас Вегас – Љубовта на Џон Бон Џови и сопругата трае 40 години

„Со Доротеа имаме меѓусебна почит. Пораснавме заедно. И навистина си се допаѓаме. Работиме напорно на себе, но и уживаме еден со друг. И никогаш не паднавме во замките на она што животот на една славната личност може да го направи“ – вели Џон Бон Џови за љубовта со сопругата која трае 40 години. 

2-godini-bila-vo-vrska-so-negoviot-najdobar-drugar-se-venchale-vo-las-vegas-ljubovta-na-djon-bon-djovi-i-soprugata-trae-40-godini-01.jpg

Американскиот рокер Џон Бон Џови и неговата сопруга Доротеа се во брак од 1989-та година и имаат четири деца. Но нивната љубовна приказна трае цели 40 години.

Тие често велат дека се среќни што се запознале уште во средношколските години и што целиот живот го поминале заедно во љубов и хармонија.

View this post on Instagram

A post shared by Jon Bon Jovi (@jonbonjovi)

Неколку факти за нив во продолжение:

Џон Бон Џови е познат по неговите рок химни и моќни балади, по бујната коса во младоста и огромниот сексапил на сцената.

Но, тој е и еден од најголемите романтичари во светот на шоубизнисот, кој поголемиот дел од животот го поминал со само една жена – сопругата Доротеа.

View this post on Instagram

A post shared by Jon Bon Jovi (@jonbonjovi)

Доротеа Харли е родена во Њу Џерси, а нејзините родители се Доналд и Дороти.

Името го добила откако нејзините родители, кои имаат слични имиња, решиле да го спојат името на нејзината мајка со името на близок семеен пријател кој починал од рак пред таа да се роди.

Доротеа учела во гимназијата Sayreville War Memorial High, во Парлин, Њу Џерси, каде што го запознала Џон.

Една од првите средби им била на час, кога Џон се обидел да препише од нејзиниот тест.

Но, Доротеа во тоа време почнала да се забавува со најдобриот другар на Џон, Боби. Поради ова, тие биле само пријатели неколку години.

Врската ја почнале откако завршиле средно, на почетокот на нивните 20-ти години.

Во тоа време Џон станувал сè попопуларен, па Доротеа почнала да го следи на неговите настапи.

Додека престојувале во Лос Анџелес, како дел од турнејата „The New Jersey Syndicate“ во 1989 година, решиле тајно да отпатуваат во Лас Вегас за да се венчаат.

Неколку години подоцна, во едно интервју Џон рече дека утрото по венчавката му била шок.

„Само се прашував дали згрешивме. За среќа, тоа беше исправна одлука“ – рекол тој.

Парот има четири деца – ќерката Стефано Роуз (30) и три сина: Џеси Џејмс Луис (28), Џејкоб Харли (21) и Ромео Џон (19).

Џејкоб, кој работи како модел, се сврши со ѕвездата на серијата Stranger Things, Мили Боби Браун.

По 40 години поминати заедно, Џон во интервју откри која е тајната на нивната љубов.

„Меѓусебна почит. Пораснавме заедно. И навистина си се допаѓаме. Сакаме да се дружиме.

Работиме напорно на себе, но и уживаме еден со друг.

И никогаш не паднавме во замките на она што една славната личност може да го направи“ – рече Џон.

Џон последниве години е повлечен од музиката.

Тој и Доротеа ја водат заедничката добротворна организација Bon Jovi, а времето го поминуваат во семејниот ланец ресторани Soul Kitchen.

Целта на овие ресторани е да им се обезбеди храна на бездомниците, па кој сака плаќа оброк во ресторанот.

Кој не може да плати, доколку сака може да волонтира и да помогне во работата на ресторанот.

Прочитајте и Џон Бон Џови отвори ресторан во кој никој не мора да плати - важно е да се најаде

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
14 најубави парови кои издоминираа на Оскари 2024 и забавата по доделувањето (фото) Марго Роби во тоалета како песочен часовник, со природна фризура и шминка позира...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
Уште еден доказ дека Џон Бон Џови има срце од злато: Спаси жена која сакала да се самоубие (видео) Ја прегрна и ја повлече жената од работ на мостот… Музичарот Џон Бон Џови го пре...
Остана без работа поради користењето дрога, не ѝ дозволувале да јаде: Тажни детали од животот на Кеј... По бурната врска со Џони Деп, за да го преболи, Кејт Мос се вплетка во љубовен т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg