Блејк Лајвли не се срами од целулитот - во монокини ја покажа топ формата 2 месеца по породувањето
- Детали
- сабота, 08 април 2023
Холивудската актерка Блејк Лајвли (35) покажа дека е во топ-форма два месеца откако го роди четвртото дете.
Блејк Лајвли, ѕвездата на серијата „Gossip girl“, е на семеен одмор. Таа објави неколку фотографии во бикини и монокини, од плажа и покрај базен и покажа дека, иако има малку целулит, сепак изгледа одлично.
Блејк објави и селфи направено во огледало, на кое е со рамен стомак.
Фановите го пофалија нејзиниот одличен изглед, па велат дека делува како воопшто да не била бремена, а не дека неодамна родила четврто дете.
Блејк е на семеен одмор со сопругот Рајан Рејнолдс, а друштво им прават нивните мајки. И тие се и на една од фотографиите со актерката.
Инаку, Блејк се породи во февруари, но за сега не го открива полот и името на бебето.
Таа и Рајан Рејнолдс се венчаа 2012 година, а ги имаат ќерките Џејмс (8), Инез (6) и Бети (3).
А. Ј. | Црнобело