Поранешен колега на Џорџина открива како навистина се запознала со Роналдо: „Сакаше да 'улови' милионер, не беше случајно“
- Детали
- вторник, 04 април 2023
Приказната за запознавањето на Роналдо и Џорџина не била бајката што таа сака да ја раскажува во јавноста. Според нејзин поранешен колега, партнерката на светски најпознатиот фудбалер точно знаела што прави во моментот кога на вратата „се сретнала случајно“ со љубовта на нејзиниот живот.
Партнерката на Кристијано Роналдо, Џорџина Родригез, деновиве е актуелна заради второто продолжение на нејзиниот документарен филм Soy Georgina што се емитува на Нетфликс.
Но, вниманието што таа го привлекува во светот натера некои од нејзините поранешни колеги да истапат и да ја кажат нивната верзија на приказната за тоа како Џорџина се запознала со фудбалерот.
Џорџина во неколку наврати ја има споделено приказната за тоа како го запознала својот партнер Кристијано Роналдо. И, речиси секогаш повторува дека таа била скромна девојка која работела во продавница на Gucci, кога сосема случајно ја запознала љубовта на својот живот и се вљубиле еден во друг на прв поглед.
Еден од поранешните вработени во истата продавница, кој работел таму во истиот период кога работела и Џорџина, сега на ТикТок ја споделува својата верзија на настаните и тврди дека инфлуенсерката крие една голема тајна.
Пабло Боун објави подолго видео на ТикТок во кое ја раскажува својата верзија за патот до славата на Џорџина:
„Работев заедно со Џорџина Родригез во Gucci околу два месеца пред таа да стане славна. Се случувало неколкупати заедно да се затекнеме во продавницата. Таа работеше во женскиот оддел, а јас во машкиот.
Сум го видел Кристијано повеќепати претходно, но тие двајца се запознаа и вистина е дека се ширеа голем број гласини за Кристијано и Џорџина.
Таа отсекогаш беше таква. Дури и кога немаше пари или го немаше богатството што го има сега, секогаш зрачеше со ароганција и супериорност.
На крајот на краиштата, јасно е дека чекаше само да ја освои ‘премијата’, па затоа и работеше во различни луксузни компании.
Познаваше голем број луѓе поврзани со ноќниот живот во Мадрид. Се движеше во кругови каде луѓето имаа многу пари. Живееше во ужасен стан, но секогаш знаеше дека сака да напредува“ – вели тој.
Според Боун, Џорџина била решена да „улови“ милионер и воопшто не е точно дека таа случајно се запознала со Роналдо во моментот кога тој влегол, а таа излегувала од продавницата.
Наводно, кога дознала дека тој доаѓа заедно со синот и пријателите, таа веднаш се затрчала кон вратата за да биде сигурна дека фудбалерот ќе ја забележи, затоа што за услугата на таков профил клиенти биле задолжени само менаџерите. Џорџина, како продавачка, немала пристап до него.
@pablobonee Respuesta a @Arivila8 INSTA: PABLOBONEE @PABLETE.HA
♬ fashion show(256764) - TimTaj
Поранешниот колега на Џорџина тврди дека таа не признава дека веќе имала план и агенда за да го освои најпознатиот фудбалер на светот, што подоцна ѝ донесе слава и богатство.
Б. С. Б. | Црнобело