Кои се тајните за младешкиот изглед на Викторија Бекам на 48 години, по 4 бремености?
Обрнува внимание дури и на негата на трепките
Викторија тврди дека не носи вештачки трепки, туку дека само добро се грижи за нејзините.
Таа користи серум што го поттикнува нивниот раст, а откри дека истиот го нанесува и на веѓите.
Ѝ дава предност на минималистичката шминка
Веројатно сте забележале дека Викторија секогаш има минимална шминка, дури и кога присуствува на важни настани.
Таа избегнува да користи многу продукти и вели дека со години се шминка на ист начин кој ѝ ја истакнува природната убавина.
Се релаксира со топла купка
Стресот има огромно влијание врз изгледот, па Викторија се фокусира и на ова.
Дизајнерката вели дека честопати се релаксира со топла купка.
Го мие лицето со многу ладна вода
За да ги намали отоците на лицето, Викторија се мие со многу ладна вода.
Има споделено и дека некогаш користи коцки мраз за да ја подобри циркулацијата на лицето.
Носи облека што е сигурна дека ѝ стои добро
Викторија не следи модни трендови и секогаш носи облека за која е сигурна дека ѝ прилега.
Па, не е ни чудно што со текот на времето стана модна икона.
Спирова С. | Црнобело