Кои се тајните за младешкиот изглед на Викторија Бекам на 48 години, по 4 бремености?
- Детали
- понеделник, 17 април 2023
Не пропушта ниту еден тренинг, многу внимава на исхраната и носи само облека за којашто е сигурна дека ѝ стои добро – Кои се тајните за младешкиот изглед на Викторија Бекам, по четири бремености?
Од периодот кога се прослави со групата Spice Girls, Викторија Бекам се претвори во мода икона и синоним за елеганција.
На 48 години и по четири бремености, Викторија сè уште изгледа како млада девојка.
Па, кои се нејзините тајни за младешки изглед?
Не пропушта ниту еден тренинг
Очигледно, Викторија вежба напорно за да ја одржува линијата.
Дизајнерката има споделено дека никогаш не испушта тренинг – без разлика во колку часот си легнува, следното утро станува во 6 за да вежба.
Таа вели дека вежба по еден час дневно и комбинира кардио и вежби за зајакнување на мускулите.
Многу внимава на исхраната
Во интервју, сопругот на Викторија – Дејвид Бекам – откри дека над 20 години таа следи ист начин на исхрана.
Дизајнерката вели дека денот го почнува со смути и јаткасти плодови, а другите оброци во денот генерално сочинуваат здрави масти, како риба, и зеленчук приготвен на пареа.
За некои, начинот на исхрана на Викторија е многу рестриктивен, но таа тврди дека се чувствува одлично.
Ја зема предвид својата возраст
Добро познат факт е дека со годините, нашето тело се менува.
Полесно се дебелееме, а потешко постигнуваме резултати во теретана.
Викторија е свесна за ова и вели дека со годините прави промени во тренинзите.
Се грижи за својата кожа
Викторија вели дека е опседната со нега на кожата, особено на лицето и користи неколку продукти.
Дизајнерката вели и дека ги обожава природните масла кои често ги користи наместо лосион за тело.
Не крие дека посетува и експерти
Додека Викторија нема направено пластични операции на лицето, вели дека често оди на масажа на лицето.
Таа сака и третмани кои ја освежуваат кожата.