Оливија Вајлд гневна за бакнежот на другарка ѝ Емили Ратајковски и бившиот Хари Стајлс – што знаеме за нивната врска?
Оливија и Хари се запознаа во септември 2020 година, на сетот на филмот Don’t Worry Darling.
Не е познато кога точно ја почнале врската, но до јануари следната година ја потврдија и почнаа заедно да се појавуваат во јавност.
За Us Magazine, извор сподели дека минуваат многу време заедно и дека избегнуваат „места со многу метеж“.
Изворите тврдеа и дека нивната врска станува многу сериозна, како и дека и двајцата гледаат „блескава заедничка иднина“.
До крајот на 2021 година, Хари ги запозна и децата на Оливија од претходниот партнер.
„Хари постепено ги запознава нејзините деца. Оливија, пак, минува многу време со мајка му на Хари.
Оливија постојано патува за да ги види децата во Лос Анџелес и за да го посети Хари додека е на турнеја. Таа му е најголемиот фан“ - изјави извор близок до парот.
Кон средината на следната година, во јавноста почнаа да се јавуваат шпекулации за сексуалната определеност на Хари Стајлс, најмногу бидејќи тој избегнуваше да зборува за врската со Оливија.
Пејачот само изјави дека неговата сексуалност е приватна и нема потреба да зборува за тоа во јавност.
По ова, почнаа да се јавуваат гласини дека Оливија и Хари ќе се разделат, а инцидентот на Филмскиот фестивал во Венеција дополнително ги разгоре.
На фестивалот, парот присуствуваше на премиерата на филмот Don’t Worry Darling, но не седеа еден до друг.
Помеѓу нив седеше актерот Крис Пајн, а на видео од премиерата изгледа како Хари да плука во неговите нозе. Не е познато што го разгневило пејачот, но се појавија гласини дека можеби се случувало нешто помеѓу Крис и Оливија.
Во меѓувреме, поранешната дадилка на децата на Оливија со бившиот вереник почна да открива детали за нивниот развод.
Според неа, бившиот вереник Џејсон бил „скршен“ од врската на Оливија и Хари и постојано плачел.
Наводно, Џејсон пробувал да ја спречи Оливија да се гледа со Хари и во една прилика дури легнал пред нејзиниот автомобил.
Истовремено, дадилката сподели дека Џејсон забранил во неговиот дом да се пуштаат песни од Хари Стајлс.
Околу еден месец пред Хари и Оливија да се разделат, извори блиски до парот тврдеа дека меѓу нив сѐ е во ред, како и дека ја игнорираат целата драма околу нивната врска.
Во ноември 2022 година, по речиси две години заедно, Хари и Оливија одлучија да стават крај на врската.
„Имаа некои проблеми, а Оливија мислеше дека ќе ги решат. Многу е разочарана. Ситуацијата е проблематична“ - сподели извор близок до парот.
Околу еден месец пред страсниот бакнеж на Хари и Емили Ратајковски, извор близок до Оливија сподели дека сега таа се чувствува подобро, како и дека е во добар однос со Хари.
Спирова С. | Црнобело