Оливија Вајлд гневна за бакнежот на другарка ѝ Емили Ратајковски и бившиот Хари Стајлс – што знаеме за нивната врска?
- Детали
- среда, 29 март 2023
Оливија Вајлд се чувствувала предадено од бакнежот на Емили Ратајковски и Хари Стајлс. Таа и Хари се разделија пред неколку месеци, откако се појавија гласини за афери и сексуалната определба на Хари. Што друго знаеме за нивната кратка, но сериозна врска?
По разводот, Емили Ратајковски беше забележана во друштво на неколку различни мажи, но навистина ја изненади јавноста со последниот романтичен состанок.
31-годишната Емили страсно се бакнуваше со Хари Стајлс во Токио.
29-годишниот пејач беше во долга врска со Оливија Вајлд која, пак, ѝ е добра пријателка на Емили.
Всушност, пред околу две недели, Емили и Оливија беа заедно на забавата по Оскарите.
Хари и Оливија се разделија во ноември минатата година.
Таа се нема огласено во врска со целата ситуација, но избор близок до неа тврди дека се чувствува предадено.
„Оливија и Емили беа пријателки и ова е предавство“ - вели изворот за Daily Mail.
Сепак, изворот истакнува дека Оливија не дозволува „предавството“ да има влијание врз неа и сака да се фокусира на својот живот.
„Оливија не сака да биде вовлечена во овој хаос. Се фокусира на кариерата и децата и не троши енергија на сето ова“.
Оливија ги доби двете деца со поранешниот сопруг Џејсон Судекис. Кратко по разводот, таа ја почна врската со Хари Стајлс која траеше околу две години.
Сега, пак, се појавија гласини дека можеби повторно ќе му се врати на бившиот вереник, но изворот го негира тоа.
„Оливија не раскина со Хари за да се смири со Џејсон и нема никаква шанса дека ќе се случи тоа. Џејсон и Оливија се добри пријатели, но нивното време одамна помина“.
Во меѓувреме, извор на Page Six тврди дека Емили Ратајковски ја моли Оливија да ѝ прости. Имено, Емили била свесна дека сето ова може да влијае врз пријателството со Оливија, па сега „ја моли за прошка“.