Со завршниот настан денеска во Скопје, беше заокружен караванот „Собрание за граѓаните“ во чии рамки беа посетени уште 12 градови низ земјата. Активностите започнаа во Штип, на 25 октомври, а потоа продолжија и во Кавадарци, Гевгелија, Струмица, Радовиш, Кочани, Велес, Прилеп, Битола, Охрид, Дебар и Гостивар. Во присуство на пратеници од скопските општини, караванот заврши денес во паркот Жена-борец. Завршниот настан се одржа на истиот ден (11 ноември) кога беа одржани првите парламентарни избори во земјава по воведувањето на политичкиот плурализам во 1990 година.