Ажурирај и донирај - Хуманитарна иницијатива на Сава пензиско друштво
- Детали
- четврток, 10 ноември 2022
Сава пензиско друштво а.д. Скопје започна нова хуманитарна акција, заедно со своето членство. Членовите со едноставна активност - ажурирање на своите лични податоци и избор на достава на годишните известувања по електронски пат, ќе продонесат Сава пензиско друштво да формира фонд на средства за донација на опрема на Универзитетската клиника за детски болести – Скопјe.
Промоцијата на хуманитарната иницијатива ги вклучува сите членови на пензиските фондови на Сава пензиско друштво, а дополнително значи и промоција на дигиталните финансиски услуги на Друштвото, како начин за заедно да придонесеме кон зачувување на животната средина.
За членовите на пензиските фондови на Сава пенизско друштво е од особено значење личните податоци да бидат точни и навремено ажурирани во Регистарот на членови и/или пензионирани членови, како и навременото доставување на годишните известувања за состојбата на пензиската заштеда.
Членовите може да ги ажурираат своите податоци по електронски пат, а процесот е исклучително лесен и трае 3-5 минути.
Првиот начин е преку интернет страницата на Сава пензиско друштво во делот Лична сметка, каде членовите се најавуваат со нивните корисничко име и лозинка, преземени од Годишниот извештај за пензиска заштеда. Со кликање на табот за Лични податоци, се ажурираат новите податоци и дополнително се внесува кодот за потврда на ажурирањето.
Оваа опција е овозможена за: членови или пензионирани членови кои веќе претходно имаат доставено податок за важечки мобилен телефонски број или е-маил, за членовите кои ќе ја инсталираат апликацијата Сава пензиско план или за членови кои чуваат некој постар извештај во Зелен плик (овие членови конфирмацијата ќе ја извршат со внес на бар кодот од апликацијата или од зелениот плик)
„Сава пензиско друштво а.д. Скопје како дел од заедницата има одговорност кон луѓето и животната средина. Постојано изнаоѓаме нови начини како да ги подобриме условите и пристапот до информации за сите. Преку финансиска едукација за придобивките од користењето дигитални технологии, кои понатаму влијаат и на заштита на природата, го трасираме патот кон посигурна и поубава иднина.
„Ажурирај и донирај“ е одлична можност да ги промениме нештата на подобро. Заедно со нашите бројни членови ќе ја реализираме донацијата за Универзитетската клиника за детски болести – Скопје.
И ова е само почеток, понатаму планираме оваа активност да значи и поддршка за други институции, друштва, здруженија на граѓани, секому на кого му е потребна поддршка“ – изјави Д-р Петар Талески, Претседател на Управниот одбор на Сава пензиско друштво а.д. Скопје.
Повеќе информации за хуманата иницијатива и како и вие можете да бидете дел од неа ве чекаат ТУКА