Светски ден на науката 2022 - иновациите и научните откритија ги донесоа неопходните промени
- Детали
- четврток, 10 ноември 2022
Светскиот ден на науката за мир и развој е меѓународен ден кој ја истакнува важната улога на науката во општеството и се одбележува секоја година на 10 ноември. Овој ден има за цел да ја подигне свеста за важноста на науката во секојдневниот живот, ја нагласува потребата од вклучување на пошироката јавност во дискусиите за новите научни прашања и посебнo ја истакнува улогата на научниците, кои ја играат најважната улога во проширувањето на корените на науката.
1 - Прво што паѓа на ум кога ќе се споменат иновациите и револуционерниот ефект е секако глобалната интернет мрежа, која многу ја поедностави комуникацијата во денешно време и овозможи лесно пребарување на било какви информации. Интернетот го помени од корен начинот на водење на секојдневниот живот и во денешно време не можеме да замислиме ден без телефон, таблет или компјутер, што не беше случај пред само 20 години.
2 - Појавата на интернетот го иницираше и раѓањето на социјалните мрежи, што воспостави еден нов свет на полесно функционирање, информирање и комуницирање меѓу луѓето. Социјалните мрежи како Facebook, Instagram, Twitter и др. овозможуваат едноставно поврзување и комуникација со луѓе од различни држави и континенти, за разлика од минатото, кога мораше да се помине долга дистанца за да се видите и комуницирате со пријателите и блиските кои живеат далеку од вас.
3 - Еден од плодовите на научните достигнувања и иновациите се и електричните автомобили, кои во споредба со класичните возила што користат горива (бензин, дизел итн.) се напојуваат од електричната енергија складирана во батерии или друг уред за складирање на енергија. Главни причини за експанзијата на електричните автомобили во денешно време се значителното намалување на загадувањето на воздухот, бидејќи не испуштаат штетни гасови, како и намаленото испуштање на стакленички гасови од вградениот извор на енергија, во зависност од горивото и технологијата користена за создавање на електрична енергија за полнење на батериите.
4 - Научните истражувања донесоа иновации и во тутунската индустрија. И покрај тоа што се информирани дека пушењето е штетно по здравјето, голем број луѓе едноставно не ги оставаат цигарите. Во јавното здравје, со примената на концептот на намалување на штети се намалуваат здравствените ризици, така што на луѓето им се нудат подобри алтернативи и се поттикнуваат помалку ризични однесувања. Во споредба со цигарите, електронските уреди кои го загреваат тутунот претставуваат подобра алтернатива од пушењето цигари, за полнолетните пушачи.
Иновациите во тутунската индустрија и водечкиот систем за загревање на тутун во оваа категорија, достапен повеќе од две години на нашиот пазар, се фокусирани на тоа како да се ослободи никотинот од тутунот без притоа да се создаде катран, односно како да се избегне процесот на согорување и со тоа да не доаѓа до создавање чад и високи нивоа на штетни состојки кои се присутни во истиот. Бидејќи не согоруваат, туку загреваат, овие уреди не произведуваат ни катран, туку аеросол што е фундаментално различен од чадот од цигари.
5 - Една од придобивките од примената на науката во медицината се современите методи за дијагностички тестови - компјутерска томографија и PET Scan. Благодарение на комбинација од Х-зраците со компјутерска технологија, компјутерската томографија претставува прецизна и подетална дијагностичка алатка за разлика од рендгенот. Компјутерската томографија е брза, безбедна и безболна метода која може да се комбинира и со други дијагностички тестови со цел да се добие прецизна дијагноза. PET Scan е најефикасна техника за снимање која се користи за поставување дијагноза, за одредување на стадиумот на болеста, се проценуваат ефектите од терапијата на канцер, а истата помага и при планирање радиотерапија и хемотерапија кај повеќето карциноми.
Светот се менува и во согласност со него, се менуваат и навиките, потребите и очекувањата на потрошувачите. Токму затоа иновациите, примената на науката, дигитализацијата и трансформацијата се неопходни промени за традиционалните индустрии за нивно прилагодување на барањата на современиот пазар. Науката е секако најзаслужна за иновациите кои ги поместија границите и научните откритија што го променија вообичаениот начин на функционирање на секојдневието.