(Скопје, 14 јануари 2023) Повеќе владини претставници и директорот на АД „ЕСМ“ изминатиов период во јавноста изнесоа низа невистини во врска со повикот за набавка на природен гас, во којшто учествуваше и „Макпетрол“ АД. Според нивните изјави, тие ја избрале пониската понуда, но пресметките укажуваат дека вкупната понуда на „Макпетрол“ АД за јануари годинава е поевтина од таа на компанијата „Балкан Јутилитис“ за 178,963 евра во моментот на одлучување.