Програма за едукација и превенција на очни компликации од дијабетесот: Систина Офталмологија во партенрство со дијабетичарите во борбата за видот
- Детали
- петок, 13 јануари 2023
„Во нашиот фокус се и остануваат пациентите. Преку едукативни активности и превентивни методи, сакаме да ја кренеме свеста за потребата од редовни офталмолошки прегледи кај пациентите со дијабетес“, изјави Златко Арнаудовски.
Систина Офталмологија, во партнерство со Сојузот на Здруженија на дијабетичари, ќе развие програма за едукација и превенција на очни болести кај пациентите, кои имаат дијабетес . Првата очна болница во Македонија, за потребите на проектот, на располагање ја става комплетната медицинска експертиза, со цел да се подобри лекувањето и да се зголемат позитивните искуства, на пациентите со дијабетес.
„Нашата болница, преку трајни партнерства, создава вредности за сите во општеството. Такво партнерство, сега развивме со Сојузот на Здруженија на дијабетичари , со кои што потпишавме меморандум за соработка. Во нашиот фокус се и остануваат пациентите.
Преку едукативни активности и превентивни методи, сакаме да ја кренеме свеста за потребата од редовни офталмолошки прегледи кај пациентите со дијабетес. Во спротивно, може да дојде до сериозни медицински компликации , предизвикани од болеста“, изјави медицинскиот директор на Систина Офталмологија, д-р Златко Арнаудовски.
„Систина Офталмологија“ е единствена очна болница со 4 дијагностички центри во Скопје, Битола, Гостивар, Тетово и Штип. Дијагностички и хируршки, повеќе од 12 години, им излегува во пресрет на сите пациенти, на кои што им е потребна офталмолошка грижа.
Заедно со хрватскиот партнер „Свејтлост “, имаат повеќе од педесет врвни офталмолози, 140 илјади успешни интервенции и 400 илјади задоволни пациенти.