Денеска е Quitter’s Day – ден кога повеќето новогодишни резолуции „паѓаат во вода“
- Детали
- петок, 13 јануари 2023
Вториот петок во јануари е познат како Денот на откажувањето
Денешниот ден е вториот петок во јануари, познат како Quitter’s Day односно Денот на откажување. Статистички, тоа е ден кога поголем дел од луѓето ќе одлучат да се откажат од амбициозните новогодишни резолуции и да ја заменат вежбалната со ТВ екранот, сувиот јануари со суво мартини, а посакуваните однесувања со старите навики. Во годината што измина, главно се откажавувавме од решенијата поврзани со губење на тежината, откажувањето од пушење и поздравата исхрана.
Како да издржите подолг временски период?
Почнете со мали чекори: Премногу и пребрзо често е рецепт за откажување. Неодржива диета, претерување во фитнес сала или обидите радикално да се промени однесувањето се сигурен начин плановите да „излезат од колосек“. Наместо тоа, фокусирајте се на мали чекори, кои ќе ве доведат до големата цел.
Побарајте поддршка: На патот кон целта, важно е да имате лица кои ќе ве бодрат. Можете да размислите и за стручна помош. Личниот тренер може да ви конципира програма за вежби на телото, а нутриционист да ви одреди различни диети. Постојат и бројни форми на поддршка во одвикнувањето од пушење.
Позитивна промена и нова година без чад
Сите знаеме дека пушењето е штетно. Познато е дека чадот од тутунот содржи повеќе од шест илјади супстанции, од кои околу 100 се штетни или потенцијално штетни. Многумина веруваат дека никотинот претставува најголем ризик по здравјето, но иако предизвикува зависност и не е без ризици, никотинот не е примарна причина за болестите поврзани со пушењето, туку тоа е чадот создаден од запалена цигара.
Најдобра одлука е секогаш целосно да се остават тутунските производи и многумина успеваат во тоа секоја година. Меѓутоа, оние кои инаку би продолжиле да пушат треба да се информираат за иновативните бездимни алтернативи. Производите како што се електронските цигари и уредите што го загреваат тутунот, иако предизвикуваат зависност, се многу подобар избор отколку да продолжите да пушите цигари.
Алтернативите без чад нудат никотин без согорување и тутунски чад, што претставува клучна разлика во однос на цигарите, бидејќи го намалуваат нивото на штетни и потенцијално штетни материи до 95 проценти. Важно е да се запамети дека овие производи се наменети за возрасните пушачи кои инаку би продолжиле да пушат како подобра и помалку штетна алтернатива. Престанувањето со употребата на тутунски производи е секогаш најдобриот избор.
Напредокот од секаков вид започнува кога ќе ја препознаеме потребата за промена. А што да правиме со вториот петок во јануари? Ако ја пронајдеме вистинската поддршка и се наградиме за секој мал чекор што ќе го постигнеме на патот кон нашата цел, можеби Quitter’s Day - Денот на откажувањето може да стане минато.