Халки и неговите авантури обезбедија нова донација за децата од СОС Детско село

(Скопје, 13.01.2023) – Слончето Халки и неговите авантури раскажани во илустрираната приказна „Сликовницата на Халки“ обезбедија нова донација за СОС Детко село.

halki-i-negovite-avanturi-obezbedija-nova-donacija-za-decata-od-sos-detsko-selo-001.jpg

Целокупниот приход од продажбата на оваа сликовница во текот на 2022 година, Халкбанк АД Скопје го донираше како новогодишен подарок на децата и младите згрижени во СОС Детско село Скопје. Оваа активност е дел од долгорочната соработка помеѓу банката и една од најпосветените организации за поддршка на децата без родителска грижа.

„За Халкбанк важни се сите деца и токму затоа постојано правиме напори да обезбедиме еднакви услови за раст, развој и едукација на децата од СОС Детско село. Преку „Сликовницата на Халки“ од една страна обезбедуваме квалитетна литература од домашни автори за нашите нови генерации, а од друга страна ја поддржуваме мисијата на СОС Детско село“, изјави Маја Наумовска Савеска од Халкбанк.

halki-i-negovite-avanturi-obezbedija-nova-donacija-za-decata-od-sos-detsko-selo-01.jpg

Главна цел на „Сликовницата на Халки“ е да ги поттикне децата редовно да читаат книги, но и да се научат на вредности како што се заштита на животната средина, дружење во природа, прифаќање на лицата со посебни потреби и стекнување навики за штедење. Во изминатата една и пол година оваа сликовница им беше подарена на неколку илјади ученици низ целата држава. Со цел да биде достапна за што е можно поголем број деца, сликовницата е издадена на македонски, албански и турски јазик. Сликовницата се обработуваше како дел од наставата во голем број основни училишта во државата. Како дел од своите активности за промовирање на читањето, Халкбанк го донираше изданието во повеќе од 20 библиотеки во Македонија.

halki-i-negovite-avanturi-obezbedija-nova-donacija-za-decata-od-sos-detsko-selo-02.jpg

Халкбанк ја издаде сликовницата во соработка со Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“. Минатата година „Сликовницата на Халки“ го доби признанието за поттикнување општествена одговорност кое го доделува Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) во рамки на Саемот на книга во Скопје.

halki-i-negovite-avanturi-obezbedija-nova-donacija-za-decata-od-sos-detsko-selo-03.jpg

Својата општествена одговорност Халкбанк ја покажа и преку поддршката на ракометниот спектакл „Сите ѕвезди“, кој се одржа на 3 јануари, а средствата од продажбата на билетите беа наменети за СОС Детско село Скопје.

Доколку сакате да помогнете и да ја поддржите работата на СОС Детско село, може да донирате средства со купување на „Сликовницата на Халки“ на следниот линк.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg