Сокобања - релаксација во кралската бања на југоисток на Србија

Сокобања, оддалечена од Скопје 256km, со најдолга туристичка традиција во Србија.

sokobanja-relaksacija-vo-kralskata-banja-na-jugoistok-na-srbija-01.jpg

Сокобања е првата еколошка општина во Србија. Се наоѓа во Сокобањската котлина, опкружена со 4 планини, има 2 езера, како и реката Моравица.

Природата на Сокобања маѓепсува со своето бујно зеленило во лето, а во зимските месеци нијансите на сината и белата боја им нудат на туристите уникатно искуство и ја оживуваат силата и душата.

Во текот на зимските месеци, туристите имаат пристап до уникатно спа искуство во земјата и регионот - Спа детокс. Ова уникатно туристичко искуство вклучува многу содржини кои влијаат за целосна релаксација и детоксикација на телото.

Основата на хотелот се бањските услуги, но во 2 оригинални објекти: спа центар во Амам, објект кој е стар 5 века и сè уште работи и се полни со лековита вода од главниот термо извор во Сокобања.

sokobanja-relaksacija-vo-kralskata-banja-na-jugoistok-na-srbija-03.jpg

Турската бања Амам се наоѓа во самиот центар на Сокобања во централниот бањски парк и датира од 15 век. Изградена е од страна на Осмалиите врз постоечките темели на римските бањи.

Последен пат е реновирана во 2005 година. Во неа и по реновирањето сè остана автентично, со машки и женски базен.

Турската бања има два термоминерални извори, со температури помеѓу 43 и 47ºC. Заштитена е од државата, како споменик на културата од големо значење.

Корисниците на оваа содржина истовремено уживаат во капацитетите на еден модерен и еден од најубавите спа центри во Србија – хотел „Санче“, кој се простира на повеќе од 1.500m2 и опфаќа содржини кои нудат три базени, џакузи, шест вида на сауни, солени соби, тунел на изненадување... Уникатната атмосфера и доживување е спој на долгата традиција и модерното во функција на здравјето.

sokobanja-relaksacija-vo-kralskata-banja-na-jugoistok-na-srbija-05.jpg

Неизбежен и многу важен дел од оваа програма е гастрономијата, односно локалните специјалитети, подготвени од состојки од сокобањскиот регион.

Храна која ја враќа силата и го одржува телото. Голем предизвик е да одлучите кој специјалитет прво да го пробате: домашна гибаница со сокобањско сирење, сокобањско кравајче, јагнешко или говедско месо подготвено под сач или традиционална српска скара на бањски начин, додека Ртањскиот чај веднаш ќе ве загрее.

sokobanja-relaksacija-vo-kralskata-banja-na-jugoistok-na-srbija-04.jpg

За време на снежните денови, непосредната околина на Сокобања нуди разни активности. Во функција се терените за санкање на ридот Поповица, лизгалиштето во центарот на Сокобања, а белите пространства на планините кои ја опкружуваат Сокобања им нудат на љубителите на екстремните спортови можност за несекојдневни доживувања. Најголема атракција е зимското искачување до Шиљак, врвот на Ртањ.

sokobanja-relaksacija-vo-kralskata-banja-na-jugoistok-na-srbija-02.jpg

За спорт и рекреација во Сокобања, посетителите имаат избор на секој чекор. Капење во базени со термална или ладна вода, тенис, кошарка, ракомет на терени и затворени спортски објекти, трчање на трим патека во Бањица, риболов на езерото Бован и реката Моравица, возење велосипед... сето ова и повеќе за активен одмор во Сокобања и околината.

Повеќе за Сокобања на линкот.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg