„На 24-ти март организираме една прекрасна вечера со ограничен број на гости и тоа не повеќе од 50 гости овојпат, бидејќи менито е малку покомлексно. Менито ќе има 12 различни јадења и неколку изненадувања, а споени се со 8 вина од 8 македонски винарии и ќе бидеме првите во Македонија кои ќе приредат вакво незаборавно гастрономско доживување“, споделува Асан Даутовиќ (42) од Скопје искусен угостител кој ветува дека ресторан Лав допрва ќе нуди вакви уникатни настани.