Промоција на Либеро бенд за песната „Ангел“: „Конечно имаме нешто кое ќе вреди за сите 11 години“

Еден од најистакнатите македонски бендови „Либеро бенд“ најавува промоција на нивното најново музичко остварување, песната која го носи насловот „Ангел“, а за која е снимен и видео запис. Промоцијата ќе се одржи во четврток (23.03.2023) во Ресторан „Дион Центар“.

promocija-na-libero-bend-za-pesnata-angel-konechno-imame-neshto-koe-kje-vredi-za-site-11-godini-01.jpg

Оваа песна е моќна и емотивна, онаква каква што нивните фанови и очекуваат од нив. А тимот кој победува не се менува.

Новата композиција на „Либеро бенд“ е дело на авторскиот тим Магдалена и Лазар Цветковски, а зад видео записот се потпишува Даниел Јовески.

„Оваа песна ја чекаме и работиме повеќе од една година, ова е еден од нашите најквалитетни проекти. Многу енергија и труд вложивме во истото. Конечно имаме нешто кое ќе вреди за сите овие изминати 11 години од нашето постоење и веруваме дека во неа ќе се пронајдат сите генерации. Бројот 3 има симболично значење во видео записот, а за што точно станува збор ќе откриеме на нашата промоција во четврток“ - вели фронтменот Иван Јованов.

Момците од „Либеро бенд“ велат дека не сакаат да се ограничуваат во однос на жанровите, но она што е важно за нив е дека сакаат да создаваат музика во која слушателите би уживале.

Песната „Ангел“ е нивно 11-то авторско дело и е само предвесник на сето она што следува од нив во наредниот период. 

Во интервју за Бекстејџ ги открија сите детали за промоцијата:

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg