Феноменална атмосфера со Лепа Брена и Дино Мерлин за крајот на Music Week фестивалот во хотелот Гранд на Копаоник
- Детали
- понеделник, 20 март 2023
Со одличното музичко-сценско доживување со бројни сценски ефекти, како и импресивна анимација и интеракција со публиката, Дино Мерлин на последната фестивалска вечер ги разбуди најубавите емоции кај публиката и покажа зошто го носи епитетот врвен изведувач за чие шоу секогаш се бара место повеќе
По двата возбудливи мартовски викенди, Music Week фестивалот, кој се одржа во хотелот Grand Kopaonik, е завршен во одлична атмосфера со бројна публика од целиот регион. Седмото издание на најпопуларниот зимски музички фестивал го одбележаа спектакуларните настапи на некои од најголемите регионални изведувачи. По одличните настапи и забавите за паметење кои првиот викенд ги приредија Саша Матиќ, Жељко Јоксимовиќ и Милица Павловиќ, вториот викенд од фестивалот се затвори со ексклузивни настапи на мегаѕвездите Лепа Брена и Дино Мерлин.
Вториот викенд на Копаоник Music Week привлече големо внимание од неговото објавување благодарение на ексклузивните настапи на Лепа Брена и Дино Мерлин, познати по своите безвременски хитови и одличното музичко-сценско искуство. Целата атмосфера дополнително ја заокружи најмодерната аудио-видео продукција за која беше задолжена Скајмјузик.
Гостите во петокот вечерта уживаа во миксот од најголемите хитови од репертоарот на Лепа Брена, која ја крена публиката на нозе со своите култни песни како „Југословенка“ и „Сањам“, додека во саботата многубројната публика уживаше безвременски хитови и автентична изведба на сараевскиот музички волшебник Дино Мерлин. Со одличното музичко-сценско доживување проследено со бројни сценски ефекти, впечатлива анимација и интеракција со публиката, Дино ги разбуди најубавите емоции и уште еднаш покажа зошто го носи епитетот врвен изведувач, за чие шоу секогаш се бара место повеќе.
Сите љубители на зимските спортови, покрај скијањето и врвното искуство во престижниот хотел Гранд, извонредните капацитети и совршената услуга што ја нуди овој хотел, имаа можност да уживаат во незаборавна забава и концертите за кои долго ќе се зборува. Годинешниот фестивал на Копаоник ќе остане запаметен по спектакуларната атмосфера, овациите и неверојатната енергија што изведувачите ја споделија со публиката.