Нова книга: Полуде ли светот? Фикциja или реалност
- Детали
- сабота, 18 март 2023
Идејата за книгата „Полуде ли светот“ дојде од премногу негативните случувања во светот во последниве години. Во периодот на пандемијата, младите - учениците и студентите останаа дома , оттаму ги следеа предавањата и испитите, помалку се дружеа, а многу повеќе беа зависни од социјалните мрежи кои не баш селективно ги користеа.
Мислам дека младите луѓе треба да имаат добри насоки , добри лидери кој треба да ги водат и насочуваат кон вистинските вредности.Затоа треба многу да се внимава какви млади луѓе светот создава.
Во книгата „Полуде ли светот“ се зборува за група млади, но бунтовни средношколци кои загрижени за иднината на светот, доаѓаат на идеја да создадат т.н. „ПАМЕТЕН КЛУБ” каде ќе членуваат млади ентузијасти заедно со искусни возрасни мудреци.
Нивната цел ќе биде едуцирање и унапредување на млади луѓе кои ќе мора во иднина да стануваат свесни за нивната улога во развојот и напредокот на светот. Нивниот здрав разум, личен и колективен развој ќе бидат неопходни за опстанокот на човештвото.
Тие успеваат преку социјалните мрежи да придобијат илјадници, а потоа милиони следбеници низ целиот свет.
„Светот страда премногу. И тоа не поради злобата на лошите луѓе, туку поради тишината на добрите“ - Наполеон Бонапарта.
Мораа да му покажат на светот кои се вистинските вредности во кои треба да веруваат. Всушност повторно требаше да се создаде свет каде што ќе биде безбедно да бидеш чесен човек.