Дали свињите се потат, има ли никотин во доматите? Четири факти кои веројатно не сте ги знаеле

Она што за некои е бескорисна информација, за други сепак е интересен факт. Дали сте лице кое сака да дознава неочекувани информации?

dali-svinjite-se-potat-ima-li-nikotin-vo-domatite-chetiri-fakti-koi-verojatno-ne-ste-gi-znaele-02.jpg

Ако е така, подгответе се да се воодушевите од овие интересни забавни факти.

Свињите не се потат

Веројатно барем еднаш во животот сте ја искористиле фразата „се потам како свиња“. Факт е дека тој израз нема никаква смисла, бидејќи свињите ретко се потат. Имено, свињите имаат многу малку потни жлезди, чија работа има малку ефекти врз температурата на нивното тело. За да се разладат во летните месеци и да одржат стабилна температура, свињите вообичаено се тркалаат во вода или кал, а се случува и понекогаш да се задишат во желба да се разладат.

dali-svinjite-se-potat-ima-li-nikotin-vo-domatite-chetiri-fakti-koi-verojatno-ne-ste-gi-znaele-03.jpg

Зеленучокот содржи никотин

Зеленчукот како домати, компири и пиперки содржи природен никотин. Присутен е и во синиот домат, како и во се попопуларните гоџи бобинки. Вистината е дека никотинот уште во 16. век бил детектиран и изолиран од растението на тутун, што доведе до погрешно уверување дека го има исклучиво во оваа билка. Меѓутоа, студиите покажуваат дека никотинот од храната всушност може да биде корисен. CBS во 2013 година извести дека консумирањето на храна која содржи никотин всушност го намалува ризикот од развој на Паркинсонова болест. Никотинот предизвикува зависност и многу често се споменува како причина зошто е тешко да се остават цигарите. Поради тоа, многумина погрешно веруваат дека никотинот е всушност најштетната состојка на цигарите, но неговата најголема вина е тоа што всушност предизвикува зависност. Никотинот не е примарниот причинител за болести поврзани со пушењето, но е главната причина зошто луѓето пушат, покрај ритуалот и вкусот.

Токму ова е причината зошто лекарите се повеќе им препорачуваат на пациентите кои не сакаат да се откажат од пушењето, алтернативи кои го загреваат тутунот, наместо да го согоруваат. Производите без чад се дизајнирани значително да го намалат или елиминираат ослободувањето на штетни и потенцијално штетни хемикалии, а истовремено колку што е можно повеќе да го зачуваат вкусот, сетилното искуство, профилот на испорака на никотин, како и ритуалните карактеристики на цигарите. Истражувањата покажуваат дека и хигиената е една од главните мотивации за луѓето да се префрлат од цигари на производи без чад, бидејќи чадот од тутунот предизвикува непријатен мирис кај корисникот.

dali-svinjite-se-potat-ima-li-nikotin-vo-domatite-chetiri-fakti-koi-verojatno-ne-ste-gi-znaele-01.jpg

Хортензиите ја покажуваат PH вредноста на земјиштето

Украсната билка хортензија е позната како показател на PH ведноста во природата. Со менување на бојата на цветот се покажуваат промени во нивото на PH вредноста на почвата во која е засадена. Кога цветот е во кисела почва, бојата е сина, а кога е засаден во неутрално тло, цветовите се црвеникави или виолетови.

Папагалите се вешти во качување

Конфигурацијата на нозете на папагалот професионално се нарекува зигодактил. Во превод, папагалот има две канџи напред и две одзади, додека другите птици имаат три канџи напред, со една во задниот дел. Овој распоред на канџи му овозможува на папагалот да има максимално силен стисок, како и неверојатна способност за качување.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg