И оваа година Гранд кафе е најпрепознатливиот бренд на кафе во Македонија
- Детали
- среда, 21 декември 2022
По овогодишното истражување спроведено од страна на Инсајдер АД за навиките на домашниот пазар и брендовите кои се присутни на него, може да се заклучи дека потрошувачите имаат навика да ги препознаат брендовите кои ги купуваат и на кои им веруваат. Уште една година по ред, Гранд кафе го одржи приматот како најпрепознатлив бренд на традиционално кафе во земјата.
Гранд кафе и оваа година повторно го доби сертификатотот за Најпознат бренд во категоријата Традиционално (Турско) кафе во истражувањето на Инсајдер. Во него се наведува и дека брендот повторно го зголемува учеството од 32% во 2021-ва на 37% во 2022-ра. Особено забележлив е високиот раст на учеството, имајќи во предвид дека во 2020-ра година (првото истражување) учеството било 22%.
Причина за популарноста на брендот Гранд кафе, наведува Инсајдер, е маркетинг комуникацијата која е реализирана во последните три години преку која брендот се доближува до потрошувачите. Како резултат на вистинската стратегија, сѐ повеќе потрошувачи го препознаваат Гранд кафе како лидер помеѓу брендовите на традиционално (турско) кафе достапни во земјата, а со тоа и ја зголемуваат позитивната разлика во однос на конкуренцијата.
Гранд кафе е производ кој долги години успешно го гради својот бренд во Македонија и претставува прв избор на кафе на толку многу домаќинства во земјата. Константниот квалитет и препознатлив мирис и вкус се најголемата препорака за потрошувачите, а широката дистрибутивна мрежа и достапноста дополнително придонесуваат кон имиџот како водечки бренд.
Истражувањето на Инсајдер АД се спроведува трета година по ред, а оваа година беа анкетирани повеќе од 1.300 активни домашни потрошувачи од земјата. Резултатите добиени од истражувањето им дава увид на компаниите колку е баран нивниот производ на пазарот и како е рангиран во однос на соодветната конкуренција.
Ситуацијата на пазарот која ја покажува истражувањето е сигнал за тоа дека Гранд кафе е бренд на кој македонските потрошувачи му веруваат и постојано му се враќаат, а неговиот статус како најпопуларен бренд во својата категорија се зацврстува од година во година.