Наместо попусти, пример за хуманост: По повод Black Friday, компанијата дм дрогерие маркт донира 474.000 денари во ЈЗУ Универзитетска клиника за ендокринологија од Скопје!

И оваа година, dm повторно докажа дека е возможно со шопинг да се направи добро дело! Овој Black Friday, односно како што го нарекуваат од компанијата години наназад, Giving Friday, а под мотото Giving is the new black, dm дрогерие маркт го одбележа со донација на 5% од вкупниот дневен промет од сите дрогерии остварен на 25 ноември, Преку оваа кампања ЈЗУ Универзитетска клиника за ендокринологија доби нов транспортен ехо апарат, со кој ќе се подобрат условите за работа на клиниката.

namesto-popusti-primer-za-humanost-po-povod-black-friday-kompanijata-dm-drogerie-markt-donira-474-000-denari-vo-jzu-univerzitetska-klinika-za-endokrinologija-od-skopje-01.jpg

Самиот износ на донацијата говори за големиот одзив на купувачите и нивната несебична желба да се вклучат во филантропската иницијатива, за што од компанијата велат дека се неизмерно благодарни.

„Зад dm стојат 10 години работа на нашиот пазар, кои беа проткаени со низа успеси и голем број на проекти насочени кон обезбедување поддршка на општествената заедница. И оваа година ја завршуваме во знак на хуманоста, која претставува идеален начин да се потсетиме на нашиот приоритет, постојано да инвестираме во заедницата во која работиме. Овој гест е најубава најава за празниците кои се ближат, затоа што додека даваме подароци на најблиските, не забораваме и на оние на кои хуманоста ќе им го разубави крајот на годината – токму по ова е dm познат’’, изјавија од компанијата.

Да се потсетиме, последниот петок во ноември, кој ширум светот е познат како Black Friday – ден на големи попусти и гужви низ продавниците, во dm традиционално веќе четврта година по ред е ден за дарување! На овој ден, донираат 5% од дневниот промет за поддршка онаму каде што е најпотребно.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg