Познат добитникот на главната награда од наградната игра на ЛУКОИЛ Македонија „ЛУКОИЛ Клуб авантура“
- Детали
- четврток, 23 декември 2021
Скопје, 23 декември 2021 година - Големата наградна игра на ЛУКОИЛ Македонија „ЛУКОИЛ Клуб авантура“ заврши, но за добитникот на главната награда АТВ возило авантурите допрва почнуваат.
Александар Јанев од Скопје е среќниот добитник на главната награда АТВ возило што му беше доделено денес на бензинската станица „Македонски Фолклор“ во населба Автокоманда.
„Искрени честитки до господинот Јанев. Верувам дека неговото АТВ возило ќе му донесе нови искуства, нови авантури и уживање. ’ЛУКОИЛ Клуб авантура‘ беше нашата овогодишна наградна игра со која уште еднаш сакавме да ја изразиме нашата благодарност и почит кон сите наши верни потрошувачи.
Да се биде член во ЛУКОИЛ Клуб програмата за лојалност значи да се биде член во едно големо семејство за кое ЛУКОИЛ Македонија постојано се грижи обезбедувајќи, пред сè, квалитетни горива, овозможувајќи одлична услуга, одлично корисничко искуство, но и многу поволности и бенефити во текот на целата година.
Им честитам на сите добитници во наградната игра, ги поздравувам сите корисници на нашите бензински станици и им посакувам успешна година што следува“, изјави г. Андреј Куку, регионален управител на ЛУКОИЛ Македонија.
„Немам зборови со кои би можел да ја искажам мојата радост. Јас сум редовен корисник на услугите на бензинските станици на ЛУКОИЛ, го користам нивното најквалитетно гориво, учествував во наградната игра со неколку сметки и ете, ја имав среќата токму јас да бидам добитник на големата награда.
Знам дека ова возило ќе ми донесе многу забава и радосни моменти. На ЛУКОИЛ Македонија им благодарам од сè срце, останувам да бидам нивен верен корисник, а се надевам дека и други ќе го следат мојот пример и ќе станат членови на ЛУКОИЛ програмата за лојалност“, рече добитникот на главната награда г. Јанев.
Во наградната игра „ЛУКОИЛ Клуб авантура“, во пет извлекувачки кола, во ноември и во декември, 26 верни корисници на ЛУКОИЛ Македонија добија вредносни ваучери за гориво, а главната награда е денес доделеното АТВ возило.
Од ЛУКОИЛ Македонија најавуваат дека грижата за своите лојални клиенти продолжува и натаму преку континуирана беспрекорна услуга, многу придобивки и, секако, наградни игри преку кои ќе се доделуваат безброј вредни награди.