Mozzart секогаш игра на хуманост

Во екот на епидемијата, оваа општествено одговорна компанија даде помош на заедницата низ донации во здравствените установи, училишта, домови за стари лица, детски домови...

mozzart-sekogash-igra-na-humanost-01.jpg

Во време на потполна неизвесност, особено беше важно да се носат вистински одлуки. На Mozzart одлуката гласеше: играта на хуманост продолжува! Дури и кога имаше привремено стопирање на нивното работење, а компанијата имаше огромни загуби, лидерот во приредување на игри на среќа продолжи да ги поместува границите во општествената одговорност.

mozzart-sekogash-igra-na-humanost-02.jpg

Донациите пристигаа од недела во недела на различни адреси, а приоритет беше помошта на здравствениот систем во борба против корона вирусот. Компанија Mozzart помогна на 7 болници во државата со вкупно 50.000 евра, а организираше и голема акција во која делеа пакети овошје на здравствените работници.

Во моменти кога постоеше недостиг на слободни кревети во болниците, оваа компанија донираше кревети за интензивна нега во здравствените установи, а здравствените работници говореа дека овој вид на помош многу им значи во лечење на ковид пациентите. Исто така, на Општата болница во Гостивар дониран е инвентар за реновирање на хируршкото одделение во болницата.

mozzart-sekogash-igra-na-humanost-03.jpg

„Свесни сме за тешката ситуација во која се наоѓа целата држава и реализиравме бројни акции за поддршка на загрозените, а особено на здравството. Секогаш се трудиме брзо да реагираме таму каде што помошта е најпотребна, а во текот на епидемијата особено е важно сите да покажеме солидарност и да помогнеме на целата заедница да ги преброди овие тешки моменти.“ – изјавија од менаџментот на компанија Mozzart.

На самиот почеток на епидемијата, беа доделени средства за набавка на заштитни маски, ракавици и средства за дезинфекција, беа поделени и пакети со храна на лица од загрозени категории.

mozzart-sekogash-igra-na-humanost-04.jpg

Mozzart продолжи и со донации на техничка опрема, па телевизори пристигнаа во многу болници, училишта, градинки, државни установи, домови за стари лица, детски домови... Беа донирани и лаптопи во Клиниката за детски болести во Скопје, на хемато-онколошкото одделение, наменети за родителите на децата кои се лекуваат на ова одделение, за онлајн сеанси со психолог и полесно пребродување на тешката ситуација. Понатаму, лаптоп компјутери беа донирани и во неколку основни училишта, наменети за учениците од социјално загрозени семејства, како би можеле непречено да ја следат онлајн наставата.

mozzart-sekogash-igra-na-humanost-05.jpg

Продолжуваат редовните акции

И во екот на епидемијата, продолжуваат редовните Mozzart акции. Секоја недела се реализираат хуманитарни тикети, а досега добивките беа насочени кон Клиниката за детски болести (донација на прочистувачи за воздух), Домот за деца без родители (финансиски средства), како и финансиска помош на едно дете за операција на раката. Донацијата од месецот на хуманост во декември беше врачена во Домот за деца без родители во Скопје.

mozzart-sekogash-igra-na-humanost-06.jpg

mozzart-sekogash-igra-na-humanost-07.jpg

mozzart-sekogash-igra-na-humanost-08.jpg

mozzart-sekogash-igra-na-humanost-09.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg