Саем на мебел 2025: „Инспирација за секој дом“ од 26 до 30 март во Скопје

Недела на големи саемски попусти во Арена Борис Трајковски.

saem-na-mebel-2025-inspiracija-za-sekoj-dom-od-26-do-30-mart-vo-skopje-1-01.jpg

По минатогодишниот успех и голем број посетители, Саемот на мебел 2025 повторно ги отвора вратите за сите љубители на дизајнот, ентериерот и иновациите! Под слоганот „Инспирација за секој дом“, ова реномирано саемско случување ќе се одржи од 26 до 30 март во комплексот Борис Трајковски во Скопје.

Саемот на мебел оваа година ќе биде организиран во четири специјални зони: двор и градина, аксесоари за домот и осветлување, мебел и внатрешен дизајн и рачни изработки и пратечка индустрија, со што ќе им биде овозможено на посетителите полесно да ги откријат најновите трендови и да најдат сè што им е потребно за уредување на домот или работниот простор. Доколку ви е потребно освежување на домот или работниот простор или едноставно само сакате да уживате во убави парчиња мебел и декорации, посетете го Саемот на мебел и пронајдете ја својата инспирација. На Саемот ќе се претстават бројни брендови со одлична понуда и големи саемски попусти.  

Цената на влезниците изнесува 150 денари за еден посетител, односно 250 денари за две влезници, за двајца посетители на саемот. За деца до 12 години заедно со родител, влезот е бесплатен. Влезниците може да се набават на билетарите на влезот на Саемот на мебел. Главниот влез за посетители ќе биде обележан и ќе се наоѓа од западната страна на Арена Борис Трајковски (страната на лизгалиштето).

Со секоја купена влезница на Саемот на мебел 2025, посетителите ќе добијат ваучер за бесплатно кафе од брендот Saccaria, во посебно уреден простор на Саемот, за да може во релаксирана атмосфера да уживаат во сите изложбени содржини и новитети. Паркингот на локацијата на комплексот Борис Трајковски не се наплатува.  

Партнер на Саем на мебел и оваа година е Комерцијална банка АД Скопје, која со атрактивни финансиски производи ќе им овозможи на посетителите полесно да ги реализираат своите идеи за уредување на домот. На специјалниот штанд на Банката, посетителите ќе можат да добијат детални информации за богатата понуда на потрошувачки кредити и други финансиски решенија за опремување на домот според своите желби и планови.

Годинешниот Саем на мебел ќе има и хуманитарен аспект, бидејќи дел од средствата од влезниците ќе бидат донирани во Фондот за солидарност на Црвениот крст, како поддршка за семејствата на загинатите и повредените во трагедијата што го погоди Кочани. За посетителите кои сакаат да придонесат, на самиот настан ќе бидат поставени специјални кутии за донации од Црвениот крст, овозможувајќи секој да даде свој придонес во хуманитарната акција. Оваа акција е организирана заедно со Црвениот крст на РСМ.

За повеќе информации за Саемот на мебел, посетете ги следните линкови: www.skopskisaem.mkИнстаграм и Фејсбук.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg