Што ве прави среќни секој ден, а никогаш не сте забележале?
- Детали
- петок, 03 јануари 2025
Во брзото темпо на секојдневието, често сме фокусирани на целите што треба да ги постигнеме, обврските што треба да ги завршиме и на сè она што го посакуваме, а сè уште го немаме.
Во таа трка за „совршен живот“ дали понекогаш застануваме да размислиме за работите што нè прават среќни секој ден? Некои од нив се толку суптилни што едноставно ги земаме здраво за готово, а токму тие се причината што нашиот ден е поубав.
Разговаравме со неколку наши сограѓани и секој од нив имаше свои примери за она што го прави среќен:
Младата мајка Ана ни кажа дека тоа е мирисот и топлината на првото утринско кафе, особено кога е подготвено од некој што таа го сака. За Петар, тоа е кога неговата ќерка кога ќе му нацрта нешто, вели не е ремек-дело, но за него е најубаво. Јован пак вели дека е тоа СМС-порака од пријател што не го видел долго време. Тоа вели, му покажува дека сè уште се блиски.
Замислете како би изгледал денот без тие „обични“ нешта – мирисот на дожд по долго сушно време, гласот на некој што го сакате кога ве прашува како сте, или тишината во која можете да се одморите. Секое од овие нешта е мал подарок што го прави животот поубав, но бидејќи сме навикнати на нив, не ги забележуваме.
Психолозите велат дека нашиот мозок е создаден да се приспособува на околностите. Тоа што некогаш сме го сметале за привилегија, станува секојдневие – домот што го посакувавме, здравјето што го уживаме и луѓето околу нас што нè поддржуваат. Наместо да гледаме што имаме, често се фокусираме на тоа што ни недостасува.
Празничната сезона е време кога можеме да застанеме и да размислиме. Можеби сега е вистинскиот момент да почнеме да ги гледаме и цениме тие „невидливи подароци.“ Најубавите нешта не се материјални – тоа е време со семејството, разговорите што траат до доцна во ноќта, прегратките што топлат повеќе од кој било подарок.
Овие празници Ладна нè потсетува на моментите на поврзаност и грижа.
Гледајте со срцето и препознајте ги малите нешта што секој ден го прават посебен. Нека 2025 биде година полна подароци кои не ги гледаме, но ги чувствуваме.
Следете ги на нивните социјални мрежи: Фејсбук или Инстаграм за инспирација и приказни што ќе ви ги разубават празничните денови.