Транском Македонија на пат кон нови прилики: Станете дел од тимот на корисничка поддршка за луксузни крстарења!

 Транском Македонија со гордост го најавува новото поглавје преку заедничката соработка со престижниот клиент специјализиран за луксузни крстарења. Како дел од меѓународната компанија Транском, која има повеќе од 33.000 вработени ширум светот, вклучувајќи и над 350 вработени во Македонија, сега нудиме возбудлива можност за кариера во Скопје како Консултант на германски јазик во областа на туризмот.

transkom-makedonija-na-pat-kon-novi-priliki-stanete-del-od-timot-na-korisnichka-poddrshka-za-luksuzni-krstarenja-02.jpg 

За проектот

Овој проект претставува извонредна можност за секој кој е во потрага на промена во својата кариера и поседува високо ниво на познавање на германскиот јазик. Доколку сте амбициозни, проактивни и сакате да работите во глобално опкружување, ова е можност што не треба да ја пропуштите! Станете дел од тимот на корисничка поддршка за клиентите во секторот за луксузни крстарења и придонесете за извонредно корисничко искуство на светско ниво.

Вашата улога

Како член на нашиот тим, вашата улога ќе биде клучна во обезбедувањето на супериорна корисничка поддршка за клиентите на компанијата за луксузни крстарења. Вашите одговорности ќе опфаќаат:

  • Помош за резервации за патување: Помош на корисниците во процесот на резервација на луксузни крстарења и патувања.
  • Промени во резервацијата: Прилагодување на датумите на патување и други детали според барањата на клиентите.
  • Додавање патници: Вклучување дополнителни патници по барање на корисникот во постоечките резервации за споделени спомени со најблиските.
  • Персонализирани патувања: Создавање приспособени патувања кои овозможуваат дополнителни поволности и бонуси за продажба.

Што нудиме?

Плата: Атрактивна нето плата од 55.860 денари.

Бонус за добредојде: Бонус за добредојде во износ од 400 евра за сите нови вработени.

Бонус за продажба: Можност за остварување на дополнителни месечни бонуси преку продажни активности.

transkom-makedonija-na-pat-kon-novi-priliki-stanete-del-od-timot-na-korisnichka-poddrshka-za-luksuzni-krstarenja-03.JPG

Зошто Транском е вистинскиот избор за вас? 

Транском е меѓународна компанија позната по својата посветеност на извонредностa и постојаниот раст.

Нашата работна култура се заснова на иновации, тимска работа и континуирано учење, што ни овозможува континуирано да обезбедуваме супериорна услуга и поддршка на нашите клиенти и вработени.

Нашата главна цел е постојано да ги подобруваме нашите процеси и услуги со цел да ги задоволиме барањата на нашите клиенти и да придонесеме за нивниот успех.

„Работата во Транском ми ја отвори вратата кон многу можности за развој и напредок. Верувам дека моите идеи и придонеси се вреднуваат, што дополнително ме мотивира да се подобрувам и напредувам.

Како дел од тимот во Транском се чувствувам поддржано и можам да очекувам помош во секое време. Околината е динамична и стимулативна, а секој предизвик е нова шанса за учење. Она што особено ми се допаѓа во Транском е колегијалноста и посветеноста на секој поединец во тимот, создавајќи уникатна атмосфера која инспирира и мотивира". - Софија, вработена во Транском

Пријавете се!

Доколку сте подготвени за нова кариерна авантура и сакате да станете дел од нашиот успешен тим, ве покануваме да се пријавите на овој линк а за подетални информации за позицијата, можете да го контактирате нашиот тим за регрутација на следнава е-маил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Не ја пропуштајте оваа можност да бидете дел од една инспиративна средина придонесувајќи секојдневно во создавање незаборавни искуства за нашите корисници!

Со нетрпение ги очекуваме вашите апликации! 

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg