Летните авантури на децата поддржани од СОС Детско Село - Летуваме, учиме и растеме

Активностите за време на летото за децата се многу повеќе од само забава, а особено за децата без родителска грижа. Затоа и оваа година СОС Детско село организираше повеќе активности и патувања каде беа вклучени 60 деца и млади.

letnite-avanturi-na-decata-poddrzhani-od-sos-detsko-selo-letuvame-uchime-i-rasteme-01.JPG

Преку спорт, креативни активности и авантури на отворено, тие ги откриваат своите силни страни, создаваат нови пријателства и ги градат вештините што им се потребни за да напредуваат. Овие моменти на радост и достигнувања се особено влијателни, овозможувајќи  не само лето со спомени, туку основа за посветла иднина.

Спортски дух и самодоверба -  „Надеж за Мундијал“

Светско фудбалско првенство за деца без родители и родителска грижа.  Турнир, кој започна како национален настан во Полска во 2010 година и прерасна во меѓународен, допирајќи ги животите на преку 11.000 млади спортисти од 45 земји.

letnite-avanturi-na-decata-poddrzhani-od-sos-detsko-selo-letuvame-uchime-i-rasteme-05.JPG

Седум момчиња кои беа дел од нашиот тим имаа можност преку натпреварите и заедничките тренинзи, да ја  развиваат тимска работа, дисциплината и издржливоста, но и да создадат нови пријателства, да почувствуваат глобално единство и да ја зајакнат својата самодоверба.

Летен Камп кој ги поврза срцата на децата без родителска грижа од целиот свет

Летниот одмор во Калдонацо, во кампот на СОС Детско Село, не беше само обичен одмор, туку вистински празник на пријателството и заедништвото за децата од целиот свет. Нашата група од 39 деца и 8 едукатори уживаа седум дена во кампирањето, исполнето со многу дружење, забава, спортски активности и пливање.

Oва беше уникатна можност за децата без родителска грижа од различно културно, јазично и религиско потекло да се дружат и обединат. Активностите на кампот беа прецизно планирани не само за забава, туку и за зајакнување на децата. Тие учеа за одговорност, ја граде својата самодоверба преку достигнувања и ги развиваа своите социјални вештини преку интеракција со врсниците.

letnite-avanturi-na-decata-poddrzhani-od-sos-detsko-selo-letuvame-uchime-i-rasteme-03.JPG

letnite-avanturi-na-decata-poddrzhani-od-sos-detsko-selo-letuvame-uchime-i-rasteme-04.JPG

Oвој заеднички одмор им овозможи на децата да се чувстуваат како дел од едно големо семејство.

И им овозможи да се идентификуваа со другите деца како нив и да го зајакнат чувството на припадност креирајќи позитивна слика за себе.

Секое дете се врати дома со куфер полн со спомени и срце исполнето со среќа. Овој камп беше пример за тоа како вистински структурираните активности и поддршката од СОС Детско Село можат да направат длабока и трајна промена во животот на децата, овозможувајќи им да растат со чувство на припадност и сигурност.

Истражување и учење во Прага

И оваа година десет деца поддржани од СОС Детско село беа дел од традиционалната посета на Прага, организирана од невладината организација Ластавица, која по 11 пат беше наш домаќин. Ова патување, кое стана дел од нашата традиција, има за цел да обезбеди културна размена за децата, како и да ги инспирира да ги следат своите соништа и амбиции.

Оваа година, децата ги истражуваа знаменитостите на Прага, учествуваа во разни едукативни активности и ја доживеаја магијата на еден од најубавите градови во Европа. За многу од нив, ова беше првпат да патуваат во странство и да се запознаат со нови култури и традиции, што само по себе е непроценливо искуство.

letnite-avanturi-na-decata-poddrzhani-od-sos-detsko-selo-letuvame-uchime-i-rasteme-0.JPG

Ова патување е само еден дел од нашите постојани напори да обезбедиме квалитетен и исполнет живот за децата без родителска грижа. Веруваме дека ваквите искуства играат важна улога во нивниот личен развој и создавање на позитивни спомени што ќе ги водат во иднина.

Летен камп за СТЕАМ со СОС Детско село

Покрај патувањата, летото за децата поддржани од СОС Детско село  беше исполнето со креативни и едукативни активности. Во соработка со Македонија2025, 17 деца на возраст од 8-13 години со воодушевување го завршија нашиот прв STEAM летен камп– 7 дневни активности за развивање  на STEM вештини (наука, технологија, инженерство, уметност и математика).

Оваа револуционерна иницијатива означува значаен чекор напред во посветеноста за негување на потенцијалот на децата од ранливите категории.

letnite-avanturi-na-decata-poddrzhani-od-sos-detsko-selo-letuvame-uchime-i-rasteme-06.JPG

letnite-avanturi-na-decata-poddrzhani-od-sos-detsko-selo-letuvame-uchime-i-rasteme-07.JPG

Преку низа практични, ангажирани и забавни активности, ја разгоревме љубопитноста, ја поттикнавме креативноста и инспириравме љубов за учење кај нашите млади учесници.

Сите организирани летни активности на децата поддржани од СОС Детско село се со цел да ги поттикне децата во развивање на нивните социјални и когнитивни вештини, да го зголеми нивното чувство на припадност и да ги инспирира да продолжат да ги следат своите соништа.

Остануваме  посветени на поддршката и грижата на децата кои ја изгубиле родителската грижа или се изложени на ризик да ја изгубат и преку нашите програми, овозможуваме децата да растат во семејна и безбедна средина, за да можат да го развијат својот целосен потенцијал и посигурна иднина.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg